Himalaya Land Rover Defender за 250 илјади долари

Се чини дека Land Rover Defender и понатаму останува омилена тема на „афтер маркет“ компаниите, на кои воопшто не им прели тоа што наскоро на пазарот трба да пристигне потполно нова генерација на легендарниот теренец од В. Британија – Defender…

Компанијата Himalaya, од Јужна Каролина, е позната по своите афтер маркет креации, а неодамна се појави со последната креација – LS3 Defender 110 Crew Cab, комбинација на зголемени of road перформанс но воедно и на возило со исклучително ниво нa удобност и луксуз.

Како еден од изборите на специјалните имотни клиенти кои сааат да уиваат во авантури на асфалтот но при тоа да н ја изгубат удобноста на „кралските кочии“.

Погонскиот агрегат на овој доработен и надграден Defender 110 е 6,2-литарски LS3 Corvette агрегат што испорачува моќност од 525 КС и 671 Nm масимален момент на вртење.

Таквата моќност обезбедува доволно сила и за совладување на најтешките пречки на тешко пристапните терени и го претвораат овој Defender во незапирливо возило.

Но покрај промената на двигателот, во овој проект се имплементирани  како што се: целосно новиот систем за гориво, целосна преработка на дисковите на сопирачките, потоа реконструкција на електрониката како и нов систем за климатизација .

Одиме на елементи кои го креваат нивото на комфор и луксуз до крајни граници во внатрешноста на возилото како; црни кожни седишта, а деталите во карбон заедно со кожното управувачко тркало, како и единствениот музички систем и Alpine екран чувствителен на допир…

Заклучокот сам се наметнува: овој Defender е одличен избор, но има една мала „закачка“ – неговата цена што изнедува „само“  250 илјади американски долари, со што е навистина добро поскап и од Lamborghini Urus, како и од Bentley Bentaygа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одложена премиерата на електричниот Jaguar XJ

Новиот Peugeot 3008 со Coupe – SUV става!

Франција- 90% сопственици на електрични автомобили ги полнат возилата дома

Ќе ги „претрка” и Nikola и Tesla и прв ќе произведе камионет на струја!

Најскапите 10- супер автомобили на светот

Škoda Scala Spider станува Slavia и потсетува на првите почетоци на марката

Jeep Renegade Orange Edition

Cupra Formentor e новиот официјален автомобил на ФК Барселона !

„Воскреснатиот” Aston Martin DB5 чини само 2,75 милиони фунти!