Хипер автомобил Viritech Apricale со 1100 КС

Британската старт-ап компанија Viritech ги објави своите планови за во иднина, кои меѓу другото вклучуваат и хипер автомобил Apricale, со погон на водородни ќелии…

Во краткото соопштение од Компанијата се наведува дека станува збор за хипер автомобил што располага со моќност од 1100 КС и постигнува максимална брзина повисока од 322 км/ч.

Првиот прототип ќе се појави во текот на наредната 2022 година, додека серискиот модел може да се очекува во текот на следната – 2023 година.

Серијата ќе биде ограничена на само 25 примероци, што е дополнителен елемент за поголема ексклузивност, а таква ќе биде и цената што е проектирана на 1,5 милиони британски фунти и потенцираме, тоа е сумата без да бидат пресметани давачките.

Покрај тоа, Viritech најавува уште две возила со погон исто така на водородни горивни ќелии, едниот е камион со име Jovian, а вториот е семеен SUV наречен Tellaro.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ferrari F125 TDE?

Од Германија најавен EV болид побрз од Rimac C_Two

Спортски концепт Suzuki Misano by IED

Volkswagen под истрага поради прво-априлската шега Voltswagen

Возете паметно и заштедете повеќе

Уникатен блиндиран Porsche 911

Луксузниот Bentley на кралицата на Англија на аукција!

GTO Engineering Squalo инспириран од Ferrarijem 250 GTO

Тркачка верзија на Volkswagen ID.4