Хитот на Citroën – третата генерација на моделот C3 доби освежување

Од Citroën ја претставија новата освежена и рестилизирана верзија на најпродаваниот модел на овој бренд во светот, кој е пример за пазарен успех и кој само во трета, актуелна генерација, лансирана во 2016 година е продаден во повеќе од  750.000 примероци…

Во Citroën се подготвени да продолжат одлично да се отираат во В сегментот на европскиот пазар и актуелната генерација на моделот C3  што беше претставена во јуни 2016 година, а продажбата започна неколку месеци подоцна и досега продаде повеќе од 750.000 примероци, ја рестилизираа и подновија за продолжување на успешниот настап.

Моделот кој има успешни продажни резултати, заслужи внимателен редизајн и рестилизација, без да се претера во промените. што е и направено кај овој Citroën, па може слободно да се забележи дека промените се умерени и добри. Новиот Citroën C3 како модел со препознатлив стил и единствен облик се оддалечува од стереотипите на овој сегмент и ги руши поставените пазарни правила.

Впечатливи визуелни измени на редизајнираниот Citroën C3 се наоѓаат на предниот дел, но севкупниот дизајн едвај е ревидиран,со  предна маска содржи со сосема нови LED светла, повеќе хромирани детали, како и нова боја на рамката за светлата за магла.

Освен тоа, Citroën предвиде и редизајнирани облоги на штитниците за кал и страничните заштитни Airbump панели, нов дизајн на 17-инчни алуминиумски тркала и уште поширока листа за персонализација, со  нови бои, повеќе двобојни комбинации, нови колор акценти и графички пакети.

Бидејќи дури 65% од европските купувачи го избираат својот C3 со двобојна каросерија, не треба да зачудува што Citroën го зголеми изборот од 36 на дури 97 комбинации на двобојна каросерија, а тука се и седумте нови бои на надворешноста, четирите нијанси за покривот, а можно е да се избере и еден од четирите декоративни пакети.

Citroën C3 со поголем комфор во внатрешноста

Во внатрешноста сега се наоѓаат Advanced Comfort седишта кои се познати од поголемите модели: C4 Cactus и C5 Aircross, помеки материјали, нов потпирач за раката кај возачот, инфозабавен систем со 7-инчен екран и гласовно препознавање, со Mirror Screen, Apple CarPlay и Android Auto.

Списоот на опрема ебадополнет со предните паркинг сензори, системот за автономно кочење во критични ситуации како и систем кој ги препознава првите знаци на замор и деконцентрација на лицето зад управувачот.

Следуваат системот за стартување на возилото без клуч и системот за помош при движење по нагорнина, како и препознавањето на сообраќајните знаци или автоматското вклучување на долгите светла.

Во палетата на мотори тука се 1,2-литарскиот Puretech трицилиндричен атмосферски мотор со моќ од 83 КС, а тука е и турбо бензинецот со 108 КС, како и 1,5-литарскиот Blue HDi четирицилиндричен дизел мотор со 98 КС.

Во зависност од моторот, се вградуваат мануелни менувачи со пет или шест степенина пренос на силата, како и EAT6 автоматски систем на трансмисиј .

Подновениот Citroën C3 ќе се најде во продажните салони од јуни тековната 2020 година, а со тек на времето, дотогаш  ќе бидат познати и цените на рестилизираниот модел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Jaguar Land Rover Project Vector- иднината на убаната мобилност

2020 -Nissan Navara N-Guard унапреден работник за тешки задачи!

IED Tracy concept

Во Женава Toyota ќе настапи со мал crossover oд B сегментот

Во Женева деби на луксуз со Bentley Mulliner Bacalar

Конечно откриен Volkswagen Golf R (2021)- Top Gun компакт со 333 KS!

2021 Kia Sorento интуитивност за оубаво чувство во возењето!

Volkswagen Golf 8 GTD подготвен за дби на Palexpo 2020 во Женева!

HANKOOK е избран од AUDI за фабричко вградување во новите AUDI Q8 и SQ8