Honda ADV 150 пристига во Европа

Успешната линија на скутерите на Honda за европскиот пазар треба да добие нов член оваа 2020 година, а тоа е убава вест за тие што уживаат во убаво време и вобудата на две тркала …

Станува збор за нова варијанта на скутерот X-ADV 750, кој според достапните информации треба да донесе погонска единица со волумен од 150 кубни сантиметри.

Лансиран во 2017 година, Honda X-ADV 750 пристигна на пазарот како хибрид на скутер и мотоцикл, со исклучително авантуристички менталитет.

Машината стана бестселер за јапонска компанија и своите „вештини” ги покажа на за „off-road“ натпреварот во Гибралтар, против многу попознати и признати „авантуристички“ модели.

Токму затоа во Honda  решиле да ја прошириат линијата во 2019 година со нови модели, кои ги носат сите физички карактеристики на нивниот постар брат.

Во тој момент, оваа креација на две тркала беше резервиран исклучиво за азиските пазари, а неодамна Honda го најави пристигнувањето и во САД и во Австралија.

Сега од официјалната веб-страница на Honda пристигнуваат Информации што велат дека се појави варијанта со, како што се наведува, „европски спецификации“.

И покрај ознаката ADV во името, варијантата од 150 кубици е повеќе ориентирана кон урбаните услови отколку на тешко пристапни терени, но тоа не влијаело на нејзиниот изглед.

Значи, имаме 14-инчен предно и 13-инчно задно тркало, агресивни линии и неколку елементи во спортски стил, како што се на пример издувниот систем, односно  дисковите за сопирачките.

„Срцето“ на оваа машина е агргат со  еден цилиндер, со четири такта, со работне волумен од 149,3 кубни сантиметри, со моќ од 14,4 КС што се ослободуваат на 8.500 вртежи во минута и што при тоа тежи само 133 килограми.

Цената на овој привлечен скутер сè уште не е позната, но знаеме дека во САД, каде пристигнува во текот на лето оваа 2020 година, ќе биде достапна од 4.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Harley-Davidson custom од Грција – половинаа мотоцикл, половина мит

Piaggio MP3 скутерот добива активен аеродинамичен систем?

Akira concept на мотоцкил што просто ве остава без здив!

Нови рендери на Bimota КВ4

Aprilia подготвува новTerra 250

Протекоа фотографии на новиот Benelli BN600i

Kawasaki EV Endeavor – електричен мотоцикл со мануелен пренос

Прв custom BMW R nineT со „Руска душа“

Освежување и неколку новини за Lexus LC 500