Honda CB-F концепт  наскоро во производство?

Широко распространето е верувањето дека некои од најдобрите Honda naked bike„ потекнуваат од семејството CB-F, вклучувајќи го тука и CB900F од 1980-те години….

Претходно оваа година, јапонскиот производител го претстави концептот CB-F, кој го гледате на сликите, главно заснован на постојниот производствен мотоцикл CB1000R.

Станува збор за моќна платформа, чиј мотор со четири цилиндри, со работна зафатнина од 998 кубици испорачува над 140 КС, во комбинација со модерна шасија – вклучувајќи и превртени вилушки, амортизер и радијално монтирани клешта за предните сопирачки.

Рецептот воопшто не е лош.

Ретро-стил машина, заснована врз постојната платформа, може значително да го забрза процесот на еволуција од обична студија до сериско производство.

Другите модерни елементи донесени од концептот CB-F вклучуваат LED фар и задни светла, како и табла со инструменти TFT.

Од Hondа не сака да открие кога (и дали) овој концепт ќе стигне до производните линии.

Ако им веруваме на познавачите на приликите на пазарот, веќе би можеле да го видиме овој мотоцикл до крајот на годината, како модел за 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

MV Agusta Superveloce 800 цени и спецификации

Пристигнува нова Honda CBR600RR

Honda Motocompo, електричен скутер како измислен за урбаната џунгла на асфалтот!

Електричен EMX мотокрос од Холандија

Подготвуваат ли во BMW враќање на C1

КТМ со нов електричен скутер !?

Xiaomi го најави новиот Ninebot C30 скутер на струја

Suzuki подготвува хибридни мотоцикли!

Мотоцикл без звук ќе јури повеќе од 330 км/ч