Honda ќе купува чиста обновлива струја од соларни и фарми од ветерници

Производителот на автомобили од Јапонија, Honda се согласи да купи 320 мегавати електрична енергија од ветерни и соларни фарми во Тексас и Оклахома

Тоа е најголем откуп на „чиста“ електрична енергија досега од страна на некој производителот на автомобили.

Јапонците  ќе ја користат електричната енергија за да ги неутрализираат емисиите од своите фабрики во Охајо, Индијана и Алабама, се вели во соопштението од компанијата.

Ова ќе и овозможи на Honda да ги намали штетните емисии од производството за цели 60 проценти во САД.

Honda е меѓу се поголемиот број на големи компании кои се вртат кон обновливите извори на енергија, бидејќи ветерот и сончевата енергија стануваат два од најевтините достапни извори на енергија.

Корпоративните набавки на „чистата“ енергија досега достигнаа најголема вредност од 13,4 гигавати во 2018 година и се на добар пат да го соборат тој рекорд  годинава.

„Во последните неколку години, почнавме да сфаќаме дека ако сакаме да направиме огромни намалувања на емисијата на СО2 од употребата на енергија треба да инситираме на истражување во усвојувањето на обновливата енергија“, изјави Рајан Харти, менаџер во одделот за развој на деловната средина во Honda USA.

Како дел од договорот што беше објавен во минатата недела, Honda ќе почне со купување на електрична енергија од есента наредната  2020 година од фармата за ветерници „Boiling Springs“ во Оклахома.

Следната година, таа ќе започне со купување енергија од соларна фарма во Тексас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Audi TT со средишно вграден мотор!

Krugger FD- уникатен ретро автомобил со модерн стил и 760 КС

Парламентот во Германија пресече на Autobahn и натаму без лимит на брзина

Најавен Morris JE – електрично комерцијално возило

Од Waymo најавија автономно возила без контролен возач!

Пристигнува Porsche што лета!

Renault со конкурент на Tesla и VW

И Punto би заживеал повторно ако Fiat се здружи со Renault

Peugeot потврди pick -up камионет !