Honda концепт ја најавува електричната иднина во Кина на Шангај 2019

Производителот на автомобили од Јапонија Honda, на салонот во Шангај, деновиве, имаше глобална премиера на електричниот концепт, моделот X-NV

Преку овој концепт Јапонците ни покажуваат што можеме да очекуваме од нивниот целосно електричен модел наменет за кинескиот автомобилски пазар.

Концептот кој е целосно електричен е создаден заеднички од Honda Motor China Technology и Dongfeng Honda, а сериската верзија ќе биде пуштена во продажба во Кина во втората половина на тековната година.

Друг електрифициран производ кој забележува премиера на автомобилскиот саем во Шангај е хибридната верзија на моделот Odyssey развиена заедно со GAC Honda и кој треба да биде лансирана во Кина кон крајот на овој месец.

Во низата на електрични автомобили, Honda, во Шангај, го претстави и својот електричен V-GO скутер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пуштена во употреба обновената бензинска станица на Макпетрол во Куманово

FREEDOM TO MOVE караванот на Volvo Cars за прв пат во Скопје

Maкпетрол со известување за нови цени на нафтените деривати

Bentley го најави новиот Flying Spur!

Новиот  Ford Focus ST Wagon жежок семеен автомобил

Новите MINI John Cooper Works Clubman и Countryman, со над 300 КЅ

Hyundai и KIA инвестираат 80 милиони евра во Rimac Automobili!

VW I.D.3 предизвика вистинска манија на  пазарот!

Пристигаат електрични Porsche Boxster и Cayman