Honda Motocompo, електричен скутер како измислен за урбаната џунгла на асфалтот!

Honda неодамна ја заштити ознаката која сугерира дека Јапонците би можеле да вратат на сцена една од нивните икони од осумдесеттите години на минатиот век…

Motocompo  беше мал скутер, со мотор со работна зафатнина од 50 см3, што се продавал со првата генерација на hatchback моделот City.

Скутерот можел да се смести во багажникот на градскиот автомобил и бил дизајниран како средство за превоз што ќе им помогне на луѓето подобро и побрзо да ги „освојат“ густо населените градски области.

Над 53,000 Motocompo се продадени во период од над три години, тоа е помалку од 3.000 месечно, што е многу помалку од целта на Hondа, што изнесувало 10,000 единици месечно.

Додека јапонскиот бренд флертувал со идејата да го врати во игра малиот скутер преку неколку концепти, не се наметна ниту едно конкретно решение. Фактот дека Honda официјално го заштити името, може да биде доказ дека новиот Motocompo ќе пристигне на пазарот во одреден момент.

Патентираното име е „Motocompacto“, и е класифицирано во категоријата електрични скутери.

Најновиот концепт на Honda за овој тип беше електричното мото Moto Compo 2011, што исто така укажува дека Honda навистина би можела да лансира мал електричен скутер.

 

Иако Honda официјално не потврди ништо поврзано со „воскреснувањето“ на Motocompo, нејзините јапонски ривали напорно работат на електрични креации на две тркала.

Така Kawasaki работи на спортски модел со средна големина, Suzuki развива низа електрични опции, а Yamaha ја крена завесата од електричните скутери на Е01 и Е02.

Honda го претстави и електричниот CRF модел на мотокрос и електричен скутер на Benly, иако ниту еден од овие два модела сè уште не доби зелено светло за да влезе во серија производство.

Секако, скутерот PCX Electric е во продажба, но само за некои азиски пазари.

Додека чекаме малиот Cub EV да влезе во производство, електричниот Motocompo би бил и одлична опција, која може да се смести во „багажникот“ на идниот Jazza  или Hondа е?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Баварците го претставија првиот мотоцикл со М ознака

Novus- електричен мотоцикл со исклучително мала маса и висока цена

Italjet Dragster

Нов Peugeot Metropolis

Пристига Ducati Monster 821

Пристигна Bimota Tesi H2

Пристигнува електричен скутер Husqvarna E-Pilen

Во свитата на Путин наскоро и електричен мотоцикл Aurus Escort

Вака би можел да изгледа електричниот „супер бајк” на KTM