Honda подготвува нов атак на брзинскиот рекорд на машина за косење трева!

Пред шест години Honda направи исклучително брза косилка опремена со мотор од 1,0- литри, со 109 KS што јуреше со рекордна брзина од 187 km/h…

Но тој рекорд им го одземаа Норвежаните кои во  Viking/STIHL косилка монтирале американски мотор со осум цилиндри од Chevrolet Corvette C6 што и овозможи брзина од дури 215 km/h!

Како и да е во Honda не седеа со скрстени раце и подготвуваа одговор на „фрлената ракавица“ и подготвени се за поставувањ на нов Рекорд на Гинис. Нивната косилка, овој пат, го позајми погонот од Hondа Fireblade SP мотоциклот (значи уште се се’ прави во рамките на семејството).

Со тој мотор косилката на Honda развива моќност од 192 KS и 155 Nm вртежен момент, a Јапонците предвидуваат дека е во состојба да ја надмине брзината од 240 km/h!

Со  тоа ќе биде побрза од многу современи автомобили, но и покрај тоа ќе биде опремена со се што има и стандардната машина за косење на тревници.

Новиот рекорд Honda, ќе се обиде да го постави со поранешниот британски шампион во картинг – дамата Џесика Хокинс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руси и се е можно – Од Bentley направил тенк!?

Обновен Citroën Scarabee d’Or првото возило што ја минало Сахара!

BMW i3 -хит за полицајци пожарникари и итна служба…

Баварците ја одбележуваат 35 годишнината на Series 5 со лимитирано издание

Renault Zoe такси што самостојно вози!

Книгата за брендот Bentley поскапа од автомобил на оваа марка!

Посебна серија Smart ForTwo FCE #21- за збогување со бензинците

Porsche Driving Expеrience-нова авантура и промоција на новиот 911 во Македонија

Новиот Alfa Romeo 8 C – Hybrid co 800 KS