Honda произведе 400 милиони мотоцикли

Поминаа 70 години од кога Honda го направи својот прв модел, Dream D-Type и зачекори во светот на металните атови на две тркала….

Седум децении успешна работа на тоа поле само по себе претставува голем успех, a сега оваа јапонска компанија прослави уште еден важен јубилеј: 400 милиони произведени модели на глобално рамниште.

Низ многу што поминала Honda, од скромните почетоци до сегашната ситуација кога располага со 35 фабрики во 25 земји ширум светот со силно производство и уште посилна побарувачка за моделите што се од година во година и од генерација во генерација се подобри и подобри.

Без оглед на тоа каков сте возач, Honda има модели кои соодветствуваат на вашите потреби.

Како што и рекол Такахиро Хачиго, извршниот директор на Honda, компанијата им е благодарна на сите купувачи како и на сите вработени во развојниот и производниот сектор, во продажбата и во сервисите.

Хачиго потенцирал дека гигантот од Јапонија ќе продолжи да го дава својот максимум, како возачите од сите четири страни на светото би уживале во моделите на две тркала на Honda.

Инаку, првиот голем јубилеј Honda j го прослави во 1997 година, кога стаса до бројката од 100 произведени модели.

Во 2014 година е постигната бројката од произведени 300 милиони единици, за да по само пет години таа цифра биде зголемена за плус 100 милиони и го збогати резимето на 400 милиони примероци на мотоцикли со значката на  Honda.

Постигнувањата на Honda во производство на мотоцикли

1968 Honda произведе 10 милиони единици

1984 Honda произведе 50 милиони единици

1997 Honda произведе 100 милиони единици

2004 Honda произведе 10 милиони единици годишно производство на мотоцикли

2008 Honda произведе 200 милиони единици

2014 Honda произведе 300 милиони единици

2018 Honda произведе 20 милиони единици годишно производство на мотоцикли

2019 Honda произведе 400 милиони единици годишно производство на мотоцикли

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Harley Davidson подготвува електричен скутер!

BMW работи на електрични мотоцикл!

BlackBerry наместо мобители ќе произведува е-мотоцикли!

Suzuki подготвува Katana со помала зафатнина!

CF Moto и KTM ја прошируваат соработката

Новиот мотоцикл превоз од иднината

Почнаа нарачките за производната верзија BMW R 18 concept

Harlеy-Davidson го потврди новиот HD350

SEAT e Scooter дел од стратегијата за мобилност на Шпанците!