Honda работи на електричен мотоцикл

Од Honda, неодамна, ги открија своите планови за тркачка поделба за претстојната натпреварувачка сезона, вклучувајќи серии за трки со мотоцикли и автомобили…

Honda, исто така, ја објави својата постава за 2023 година, вклучувајќи MotoGP, WSBK и WorldSSP. Сепак, најавата исто така откри дека јапонската марка развива електрични тркачки мотоцикли. Според ставот изнесен од извршниот директор и виш извршен директор на Honda, Шинџи Аојама, компанијата се стреми кон нова мисија во областа на моторните спортови.

„Во меѓувреме, гигантот од земјата на изгреј сонцето – Honda има уште една голема – критична мисија во мотоспортот. „Тоа е реализација на планот за јаглеродна неутралност. Honda веќе спроведе истражување и развој на технологии во оваа област, притоа проактивно користејќи ја областа на моторните спортови“.

„Од сега па натаму, ќе ги засилиме нашите иницијативи за практична употреба на таквите технологии во нашите тркачки активности. Освен тоа, почнувајќи од мотоциклите, ќе ги истражиме можностите за воведување на електрифицирани возила во вистинските трки на кои се натпреваруваме“, објасни тој.

Говорот на Шинџи секако создава дополнителна возбуда за проектот на Honda за електрични мотоцикли. Покрај тоа, електричниот тркачки мотоцикл значи развој на моќен електричен мотор кој би можел да се примени за идното производство на електрични возила на две тркала.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Wolverine XS 800 необичен крузер со впечатливо широки задни гуми!

Praga го преставува ексклузивниот ZS 800

Ducati DesertX добива turn-by-turn навигација

Прастар мотоцикл Harley-Davidson од 1908 година е продаден за 860.000 евра

Husqvarna Norden 901 Expedition пристигнува оваа година

Првиот Suzuki на струја и на две тркала пристига во 2024

Произведени еден милион КТМ мотоцикли

Ducati почна со производство не електричен мотоцикл

Harley-Davidson во целост преминува на струја