Honda SENSING 360 степени – формула за безбедност

Honda. деновиве го претстави новиот систем за безбедност и помош „SENSING 360 степени“ за возачите, кој го детектира возилото во слепи точки околу автомобилот и предупредува за потенцијална сообраќајна несреќа…

Системот „SENSING 360 степени“ на Hondа вклучува продолжен опсег на сензори, не само во предниот и задниот дел, туку во сите правци околу возилото.

 

Така, ако свртите лево или десно на раскрсница, системот открива ризични ситуации, односно возила или пешаци со кои потенцијално може да се судрите, и активира специјален режим на сопирање за ублажување на судир (CMBS).

 

Системот „SENSING 360 степени“ обезбедува аудио и визуелни предупредувања дури и при промена на лента, доколку открие ризик од судир со возило што се приближува од слепа точка зад возилото.

Дури и ако стоите среде раскрсница, системот SONSING од 360 степени на Honda ги препознава потенцијалните опасности и ве известува да преземете итни мерки за да избегнете судир.

Од лансирањето во 2014 година, напредниот безбедносен систем за помош при возење, Honda SENSING 360 степени, дополнително ги подобри своите функции со проширување на примената на масовно произведени модели на глобално ниво, обезбедувајќи поддршка за клиентите на Honda во различни ситуации при возење.

Официјалната употреба на системот „SENSING 360 степени“ на Honda се очекува во текот на 2022 година, кога овој автомобилски производ ќе биде увезен во Кина, со цел да се прошири неговата примена на сите модели што ќе се продаваат на најголемите пазари до 2030 година.

Системот Honda SENSING е еден од најнапредните пакети за опрема за безбедност, кој е стандарден само за пакетите со опрема на Honda на сите модели.

Дизајниран е да им обезбеди на патниците максимална безбедност и да гарантира максимална безбедност при возењето.

„До 2050 година, Honda се стреми да постигне нула бројка на жртви во сообраќајни несреќи во кои учествуваа мотоцикли и автомобили на Honda, со идеја да се промовира општество без сообраќајни незгоди во кои безбедноста на возачот е императив“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Постојан развој: Зголемен опсег за Opel Corsa -e и Mokka-e

Доделени првите енергетски ознаки за електричните автомобили

DS3 Crossback E-Tense ја зголеми автономијата со едно полнење на батериите

Револуционерно автомобилско седиште за деца!

Стратегијата 2.0-IONITY го забрзува ширењето на мрежата брзи полначи за EV

Renault иTheArsenale го претставуваат AIR4 –Таму каде одиме не ни требаат патишта

Новиот Peugeot e-208 и Peugeot e-2008

Електричните автомобили зиме трошат 25% повеќе струја

Ford и GM здружуваат силите со производители на чипови