Honda со online продажба на автомобили во Јапонија

Јапонскиот јавен радиодифузер NHK објави дека раководството на Honda ги прифатило барањата на заинтересираните купувачи да се обидат да избегнат физички средби во процесот на купување возило…

Од Honda, деновиве објавија дека во октомври ќе биде пуштена во употреба специјална страница за онлајн продажба за потенцијалните купувачи во матичната земја – во Јапонија.

А, клиентите ќе можат да избираат, купуваат и отплаќаат кредитни линии за посакуваното возило преку страницата.

Купувачите на крајот ќе мора да посетат овластен дистрибутер само за да го земат своето ново возило, ја пласираа оваа интересна вест информативните светски агенции.

Со оваа новина, Hondа, исто така, сака да ги ублажи последиците од пандемијата на корона вирусите врз нејзиниот бизнис, односно да најде алтернативно решение на директната продажба, со продажно – изложбени салони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

КIA EV6 на први тест возења

„Фатен во зум“ – новиот Ford Ranger

Volkswagen на ID. Buzz автономно амбулантно возили

Наскоро и Toyota Frontlander

Tesla Model 3 подобар од Audi A4, BMW Series 3 и Mercedes C/CLA во Германија

Stellantis со тизери најави пет концепти за престојната SEMA

Новиот Peugeot 3008 во SUV -coupe стил

Во еден салон на KIA може да купите бројни супер автомобили

Во пламен исчезна камион со 10 Corvette C8