Honda Transаlp на EICМA

„Макината“ официјално не постои, но се чини дека ова може да се промени оваа 2021 година….

Станува збор за помала верзија на сè уште популарниот модел Africa Twin, полесен и покомпактен, за кој се зборува од 2019 година.

Со оглед на успехот на моделите како што е Yamaha Tenere 700, но и фактот дека расте бројот на средни ADV машини на пазарот, а волуменот е под 1.000 кубни сантиметри, сите погледи се насочени кон Honda.

Се уште ја чекаме нејзината реакција. Барем официјалната.

Сепак, сите знаци се таму, од фактот дека веста за тоа ја пренесе јапонското списание Young Machine (кое ретко прави грешки).

Според тогаш објавениот текст, новиот модел требаше да се вика Тransalp. Фантазијата беше разгорена од фактот дека Honda неодамна повторно го регистрираше ова име.

Hondа реагираше на сите гласини молчејќи, а речиси и да нема детали. Како и да е, може да се слушне дека мотоциклот ќе биде придвижуван од четири-тактен мотор со зафатнина од 850 кубни сантиметри, што треба да му овозможи на Transalp да остане во чекор со моделот Africa Twin, барем надвор од асфалтот.

Бидејќи Honda веќе го има својот NC750X во својата понуда, како crossover повеќе ориентиран кон патот, многу е поверојатно дека со Transalp ќе се обиде да го задоволи вториот дел од АDV пазарот.

Transalp се очекува да биде една од најважните премиери на саемот ЕICMA во Милано, кој се враќа во ноември по една година отсуство.

Мотоциклот ќе оживее име што не се користи повеќе од една деценија, но кое има истакнато место во гамата на јапонски компании од средината на 80-тите години на минатиот век.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

KTM RC 8C распродаден за пет минути!

Yamaha карбон неутрална до 2050

BMW CE 04 нова страница во урбаната мобилност на иднината на две тркала

BMW планира A2 верзија на R18

BMW S 1000 RR во специјално издание Isle of Man

KTM 450 Rally Factory Replica

Lancia освојува со електричен скутер!

Suzuki подготвува ривл на Yamaha R7

MV Agusta подготвена за епски подвиг и влез во „Гинисовата книга на рекорди“