Honda во септември го намали производството за 40%

Јапонскиот производител на автомобили Honda Motor го намали планираното вкупно производство на автомобили во тековната фискална година за 40 отсто …

Тоа се случи веќе од овој месец , поточно, на почетокот на септември поради проблеми во синџирите на снабдување и логистиката, јавува новинската агенција Reuters.

Пред оваа одлука, компанијата долго време беше оптимист дека се подобрува состојбата со недостигот на чипови, кој веќе неколку пати влијаеше на намалување на производството.

Во фабриката во префектурата Саитама, северно од Токио, на почетокот на септември производството на автомобили ќе се намали за 40 отсто, а во друга фабрика во Сузукa, на западот на земјата, за 30 отсто, ја резимира Reuters најавата за Јапонска компанија.

Потсетуваме, Honda веќе беше принудена да го коригира производствениот план во мај.

Во Toyota, најголемиот ривал на Honda, продолжуваат со цилно темпо за да ја постигнуваат целта за рекордно глобално производство – 9,7 милиони возила во тековната финансиска година, која вообичаено завршува во март наредната 2023 година.

Според прогнозите, само во септември се очекува производство на околу 850.000 возила, а планираат да го зголемат производството до ноември оваа 2022 година.

 

е.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volkswagen ID.Buzz хит и пред да почне продажбата

Volvo привремено ја запре продажбата и понудата на лимузината Ѕ 60

Компанијата што произведува Јеер во Кина поднесе барање за стечај

GM го ревидира амбициозниот план за производство на EV во САД

Русија ја „моли“ Индија за испорака на потребни делови за автомобили, авиони…

Stellantis би можел целосно да се повлече од Кина

Горивата поевтинуваат бензините за два а дизелот за 1,5 денар

Три клучни проблеми за бавниот премин кон EV

VW нема да го згасне SEAT