Hongqi H9 –Премиум ривал на германското свето тројство доаѓа од Кина

Компанијата Hongqi ( Црвено знаме) на специјален настан на домашен терен, во Кина, ја промовира својата нај луксузна лимузина и воедно најскап модел – H9, со кој планира , барен на домашниот пазар, да преземе дел од купувачите на Audi А6, BMW Series 5  и Mercedes E Class, иако иезите тврдат дека нивна „инспирација“ и амбиција е повисока – Rolls Royce…

Станува збор за лимузина долга околу пет метри, со погон на тркалата од задната оска и воздушно потпирање ако опција …

За внатрешноста  се предвидени кожа, благородно дрво, дигитални инструменти и и информативно забавен систем, а тука се и адаптивен темпомат, панорамски покрив и полу автономен систем на возење (Ниво 2,5) .

Најлуксузната верзија на кинеското „Црвено знаме“ ќе може да се нарача и со индивидуални задни седишта што се  со електронско подесување, греење и вентилација.

Гамата на агрегати подразбира турбо бензински мотор, со четири цилиндри, со работен волумен од 2,0- литри, како и со шест цилиндри поставени фо форма на латинската буква V, со работен волумен од 3,0-литри  (и двата агрегата доаѓаат во комбинација со автоатски менувач на брзини со двојна спојка), при што верзијата со шест цилиндри од 0 до 100 km/h забрзува за помалку од осум  (8) секунди.

Продажбата на знаменосецот во кинеската компанија моделот H9 би требало да стартува некаде кон почетокот на летото, тековната 2020 година, но од Компанијата, во овој момент, не излегуваат со информации за цената, што веруваме ќе биде далеку пониска од таа на претставницит на германската премиум „света“ тројка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одложена премиерата на електричниот Jaguar XJ

Новиот Peugeot 3008 со Coupe – SUV става!

Франција- 90% сопственици на електрични автомобили ги полнат возилата дома

Ќе ги „претрка” и Nikola и Tesla и прв ќе произведе камионет на струја!

Најскапите 10- супер автомобили на светот

Škoda Scala Spider станува Slavia и потсетува на првите почетоци на марката

Jeep Renegade Orange Edition

Cupra Formentor e новиот официјален автомобил на ФК Барселона !

„Воскреснатиот” Aston Martin DB5 чини само 2,75 милиони фунти!