Hopium Machina Vision

Француската компанија Hopium (дел од Hydrogen Motive Company – HMC) започна со тестирање на првиот прототип на својата лимузина Machina со погон на водород пред повеќе од една година…

Сега доаѓаат нови слики и најава дека премиерата ќе се одржи во октомври оваа  2022 година во Париз (во форма на пред продукциски автомобил наречен Hopium Machina Vision).

Станува збор за лимузина со авангарден стил, аеродинамични тркала, стаклен панорамски покрив, камери наместо класични ретровизори, како и „хај-тек“ ентериер со четири индивидуални седишта.

Автомобилот има повеќе од 500 КС, има автономија од околу 1000 km (процесот на полнење со водород ќе трае околу три минути), додека максималната брзина е 230 km/h.

Ќе се произведува во Франција, а освен во Европа ќе се продава и во Кина, Јапонија, Јужна Кореја и САД.

Цената за овој автомобил изнесува 120.000 евра (првите 1.000 примероци наводно веќе се резервирани), но првите испораки се најавени дури за 2025 година.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Bentley Dezervator со лифт го искачувате автомобилот на кат во гаражата до станот

Porsche Vision Gran Turismo Spyder

Која автомобил најчесто се појавува во филмовите

Hennessey Venom F5 Roadster

Lucid Air Sapphire

Електричниот Zeekr 001постави нов рекорд во дрифт за EV

Aston Martin V12 Vantage Roadster

Британец бил сопственик на дури 55 автомобили на FIAT

Czinger 21C V Max