Horwin Senmenti 0 електричен скутер со фантастични перформанси

Производителот на електрични мотоцикли Horwin претстави модел наречен Senmenti 0…

Станува збор за скутер кој брзо забрзува и има одлична автономија и куп технологија. Достапни се, во овој момент, неколку детали за скутерот, кој ќе биде достапен од средината на следната година, а за кој знаеме дека ќе го разбуди интересот на возачите ширум Европа.

Забрзува од 0 до 100 km/h за само 2,8 секунди и достигнува максимална брзина од 200 km/h.  На патеката, тој ќе може да се справи со многу познати „тркачки“ машини.

Од Horwin наведуваат дека при константна брзина од 86 km/h, мотоциклот со футуристички изглед ќе може да помине околу 300 km без пад на перформансите.

Функцијата на така нареченото Супер полнењето овозможува батеријата да се наполни од 0 до 80% за само 30 минути.

Технологијата е исто така изобилна. Senmenti 0 има над 30 сензори и камери за прилагодување на условите на патот и стилот на возење за да се зголеми безбедноста.

Меѓу другото, сензорите го мерат притисокот во гумите, ABS, системите за помош при возење, а има и систем за предупредување за судир.

Пакетот вклучува палење без клуч, различни режими на возење, адаптивна суспензија, рачка и грејачи на седиштата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Wolverine XS 800 необичен крузер со впечатливо широки задни гуми!

Praga го преставува ексклузивниот ZS 800

Ducati DesertX добива turn-by-turn навигација

Прастар мотоцикл Harley-Davidson од 1908 година е продаден за 860.000 евра

Husqvarna Norden 901 Expedition пристигнува оваа година

Првиот Suzuki на струја и на две тркала пристига во 2024

Произведени еден милион КТМ мотоцикли

Ducati почна со производство не електричен мотоцикл

Harley-Davidson во целост преминува на струја