Huawei влегува во автомобилски бизнис

Веќе е познато дека Apple не е единствениот технолошки гигант што е доволно силен и кадарен, но истовремено и одлучен да ја тестира својата моќност во автомобилската индустрија и дека по тој пат тргнуваат и кинеските технолошки гиганти Huawei и Xiaomi чекорат по истиот пат..

Тука ќе посветиме внимание на едната компанија на Huawei  за кој најновите информации велат дека интензивно работи на тоа поле, иако, од самата компанија тоа не го потврдуваат.

И не само тоа, кинескиот технолошки гигант, наводно, ги искористил санкциите што му се изречени за да инвестира во автомобилскиот сектор и работи на развој на целиот асортиман на автомобили, објави деновиве информативната агенција Reuters .

Имено, Huawei би требало да го претстави првиот сериски модел до крајот на тековната 2021 година, а информацијата беше потврдена од четири независни извори.

Според истите Huawei, наводно е во разговори со два кинески производители на автомобили, а идејата при тоа е да се понудат исклучиво електрични автомобили.

Едно од споменатите имиња е Changan Automotive, државна компанија која неодамна склучи договор со Ford, според кој ќе го произведува електричниот Mustang Mac-EV за домашниот пазар.

На овие шпекулации реагираше и Huawei со обраќање до јавноста.

„ Huawei не е производител на автомобили. Сепак, преку ICT (информатичка и комуникациска технологија) сакаме да станеме снабдувач на компоненти, што ќе им овозможи на ОЕМ да произведат подобри автомобили”, изјави портпаролот на компанијата за агенцијата Reuters.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Seres и Huawei на салонот во Шангај го покажаа SF5

Volkswagen ID.4 со најдобри оцени и максимални 5 ѕвезди на Euro NCAP тестот

Cyclocar автомобил што лета од Русија

Првиот електричен Ferrari потврден за 2025

Stellantis подготвува четири нови платформи за електрични модели

Новите Dacia Logan и Sandero Stepway на Euro NCAP тестот освоија по две ѕвезди

Rimac во нов комплекс ќе инвестира 200 милиони евра

Porsche подготвува и Cayenne на струја

Нов вид на тркала се менуваат како „оригами“