Huracán Evo доаѓа во Женева

Придвижуван од моќниот 640 КЅ агрегат со 10 цилиндри, новиот Lamborghini Huracán Evo Spyder е многу повеќе од жесток кабриолет, тој е возбудлива приказна што „гневниот бик“ од Санта Агата Болоњезе веќе долго ја раскажува

Моќен лик, префинет дизајн и одлично изведена зелена нијанса веќе на „прва топка“ ја скокоткаат љубопитноста кај поклониците на жешките креации на тркала.

Веќе на прв поглед е јасно дека станува збот за нова ѕверка на Lamborghini што ќе се дебитира на годинешниот салон во Женева.

Супер автомобилот е во Spyder кабрио изведба со платнен покрив, истото силно ревидирано подесување на шасијата и атмосферски V10 мотор, во креација со отворен кров.

Со трансформација на инертното ракување на Huracán, Lamborghini изведува нов супер автомобил кој е одличен конкурент на лидерите во класата, како Ferrari 488 Spider и McLaren 720S Spider.

Доаѓа со софтверски и хардверски надградувања, меѓу кои се вбројува и системот за управување на задните тркала усвоен од Aventador S.

Како и кај купето Huracán, така и кај Spyder сите компоненти на динамичката шасија, како динамичниот систем за управување, адаптивните амортизери и останатите други системи за помош на возачот, сега се контролирани од централната ECU единица.

Шасијата на новиот Spyder е монокок изработена од јаглеродни лакна, што е мал компромис во однос на крутоста како резултат на фиксираниот покрив кој се отстранува и зголемената тежина од неговиот механизам.

Нотоа и не е проблем бидејќи тежи само 120 kg повеќе од coupe изведбата, односно има маса од 1542 kg.

Погонски систем кај Huracán Spyder го носи истиот потврден 5,2 литарски природно атмосферски V10 мотор, со 640 KS, пдобиени на 6500 вртежи во минута.

Моќноста се испраќа на сите четири тркала преку истиот седум-степен пренос со двојна спојка, кој му овозможува на овој Lamborghini да забрза од 0 до 100 за само 3,1 секунди.

Глобалната премиера на новиот Lamborghini Huracán Evo Spyder е закажана за  неколку дена на саемот во Женева, а на пазарот се очекува да се појави оваа пролет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW одбележа голем успех – 10 милиони произведени стопански возила

Kia со концепт што пријатно ги изненади посетителите во Женева 2019

Во Женева промоција и на руската претседателска лимузина Aurus Senta

Piëch Mark Zero спортист на струја -Нова приказна на семејството Porsche

Alfa Romeo  спонзор на легендарната трка 1000 Miglia 2019!

Tesla Model 3 добива конкурент од Geely

Fiat 500X на свеченоста на доделување на наградата GRAMMY 2019

Nissan со нов концепт во Женева 2019

Електричен Fiat Doblo