Husqvarna FS 450 Supermoto

Секоја година, Husqvarna ја освежува својата supermoto понуда, и иако шведскиот бренд притоа носи само мали промени, неговите модели привлекуваат големо внимание…

Ова не треба да изненадува, бидејќи Husqvarna го предводи супермото  сегментот.

Затоа ви го претставуваме новиот модел FS 450 од реномираниот производител и тоа без одлагање.

Мотоциклот во сериско издание за 2022 година носи нова хидраулична спојка на Brembo, како и нов избор на бои.

Други важни карактеристики вклучуваат WP суспензија, во форма на вилушки WP XACT со AER технологија, како и заден амортизер WP XACT.

Клиповите на шепата за кочење Brembo M50 се задолжени за сопирање напред, во комбинација со ротор од 310 мм.

На задната страна има диск за кочење со дијаметар од 220 мм.

Тука се и рачките ProTaper, тркалата Aplina (16,5 инчи напред, 17 назад), гуми на Bridgestone и подрамка напавена од карбонски влакна.

Мотоциклот се напојува со погонска единица со еден цилиндер, со  работен волумен од 450 кубни сантиметри, што испорачува моќ 63 КС.

    

Петстепениот менувач е Pank, заедно со спојката Suter.

Кога станува збор пак за електрониката, има контрола на палење за совршено стартување, како и основен систем за контрола на тракцијата, односно на пролизнувањето.

 

И тука уште една информација што ги интересира сите поклоници на металните атови на две тркала од овој тип: 2022 Husqvarna FS 450 пристигнува во продажните салони многу бргу оиточно претстонава есенва, што за некоја недела тропа на портите .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Sport Touring на Honda пристига на 21 октомври

Zero Motorcycle

Kawasaki претстави ново лого

Наскоро нова Honda Transalp

BMW Concept CE 02

Мотоциклистите повеќе нема да учествуваат на „Пајkс –Пик“ трката

CB1000R 5Four ексклузивно издание на Honda CB 1000R во само 54 примероци

Yamaha ќе развива ласерска технологија

Групацијата Piagio со рекордно полугодие