Hybrid BMW Series 7 со 560 КС

Пристигнувањето на следната генерација на BMW Series 7 се ближи, а сега се појавија информации дека предводникот M750e ќе има речиси иста моќ како актуелниот M760i xDrive.

Новата plug-in хибридна верзија нема да биде достапна веднаш, но ќе се појави нешто подоцна во 2023 година. Блогот на BMW наведува дека најмоќниот модел на BMW Series 7 ќе развива 560 КС, само 41 КС помалку од моделот M760i со моќен twin турбо бензински мотор со 12 цилиндри поставени во форма на латинската буква V.

Во срцето на M750e ќе биде B59 бензински мотор со работен волумен од 3,0-литри, надграден со турбо полнач, со шест цилиндри, кој ќе биде специјално дотеран од одделот М.

Колкава моќност ќе дава електричниот мотор се уште не е познато, но во сегашната форма B58 испорачува 382 КС во моделите M440i и Z4 Roadster. Кога станува збор за верзијата S58 тјунирана од BMW и инсталирана во моделите М3 и М4, можно е да се добијат повеќе од 500 КС.

Ова значи дека моторот со внатрешно согорување во M750e би можел да развие повеќе од 400 КС, а електричниот би „додал“ уште 160 КС. Дел од понудата ќе биде и основниот 745e xDrive, кој ќе го користи истиот мотор B58, но со нешто помала моќност. И двата модели ќе имаат xDrive погон на сите четири тркала.

Во однос на дизајнот, јасно е дека следната генерација на Series 7 на BMW ќе има малку подраматичен изглед на предниот дел, вклучувајќи LED светла во два реда, како и масивна решетка на ладилникот и низа пониски доводи за воздух. Ќе има и голема радарска единица потребна за помошните системи.

Познато е и дека новата Series 7 на Баварците го носи третото ниво на автономно возење онаму каде што тоа е дозволено со закон.

Водечкиот седан во понудата на BMW ќе користи Rolls-Royce технологија, како што се целосно автоматски врати, поделовна конфигурација на задната страна на кабината, подобрени звучници Bowers & Wilkins, како и поширок опсег на опции за индивидуализација.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Subaru STI E-RA Concept, Solterra STI Concept, WRX STI Concept и Levorg STI Performance Concept

Нова Honda HR-V за САД

Новиот Peugeot 4008 доаѓа 2023 и во електрифицирано издание

Јeep Renegade 2022

Dacia Bigster пристигнува годинава

Haval KuGou

Нов Citroën C5 Aurcross SUV: Апсолутен комфор во понаметлив и попрестижен дизајн

Промоцијата на Volkswagen ID.Buzz најавена за 9 март

VinFast VF5, VinFast VF6, VinFast VF7, VinFast VF8 и VinFast VF9 на CES 2022