Hyndai официјална ја претстави новата Elantra

Од Hyundai и официјално ја претставија новата, седма генерација на нивниот автомобил Elantra на светската премиера во Калифорнија…

И покрај тоа што купувачите упорно и се повеќе се насочуваат кон компактните crossover модели, во Hyundai се уште гледаат потреба за обновување на својот бестселер кај седан верзиите, а нема причина и зошто да се откаже од глобално популарниот автомобил.

Имено, Hyundai во новата генерација на Elantra додава наплив на нова  модерна и напредна технологија што инаку, обично, е резервирана за поскапите возила од повисоките сегменти.

Тоа, покрај квалитетот на изработката и потврдената доверливост е адут плус, со кој и дефинитивно ќе го привлече вниманието на потенцијалните купувачи ширум светот.

Со новата генерација на Elantra, производителот на автомобили од Јужна Кореја на најдобар начин ја одбележува 30-годишнината на овој модел, откако првата генерација се појави во 1990 година.

Во Hyundai за најновата Elantra го применија Parametric Dynamics дизајнерскиот јазик, помодерна внатрешност која вклучува дигитална инструмент табла, унапреден информативно забавен систем со дисплеј со големина од 10,3 инчи, со Apple CarPlay и Android Auto апликации.

Новата генерација на Elantra пристигнува со пониско тежиште, а како тоа и со подобрени возни карактеристики, нови алуминиумски тркала…

Но Сепак, највпечатливо кај новата генерација е драстично променетиот дизајн.

Да, токму така во Hyundai направиле драстични промени во однос на изгледот на Elantra споредено со ре дизајнот што претходната генерација го имаше во 2009-та година.

Така, сега наместо „зашилен” изглед, Hyundai носи помазни и поелегантни линии инспирирани од поголемата лимузина во гамата – моделот Sonata.

Тоа е постигнато и благодарение на новата платформа на која е поставена Elantra, со што се издолжува растојанието помеѓу оските за + 2,5 сантиметри, а автомобилот е подолг за _+5 сантиметри, во однос на претходникот.

Кога говориме за габаритите, димензиите на новата Elantra се; за 56 милиметри е подолга, за 25 милиметри е поширока и 20 милиметри е пониска од моделот што се уште се продава на пазарот.

Новата Elantra e поширока и пониска, но и со пократок преден надвиснат дел со цел да се трансформира изгледот.

Oд Hyundai велат дека новитетот достигнува естетика на купе со четири врати. Севкупно земено, новите линии и променетиот светлосен дизајн е голем исчекор во креирањето на ликот што компанијата од Јужна Кореја успешно го направи.

Дури и со понискиот покрив во стил на купе, новата Elantra ги има истите димензии кога станува збор за просторот над главите со актуелниот модел, благодарение на спуштените седишта во кабината. Исто така и просторот за нозе останува конкурентен во однос на ривалите во класата.

Најголемиот напредок е во однос на технологијата. Elantra нуди голем број на нови можности.

Основниот модел пристигнува со осум-инчи екран на допир, со стандардните Apple CarPlay и Android Auto апликации.

Моделите со повисоко ниво на опрема добиваат поголем 10,3-инчи екран кој пристигнува во комбинација со дигитална инструмент табла со истите димензии.

Двата екрани се поставени под единечно стакло, поседуваат голем број на конфигурации и овозможуваат поврзување на два телефони одеднаш користејќи Bluetooth.

Таквиот дизајн претставува голем исчекор кон напред, споредено со актуелната генерација и изгледа помодерно од во моментов актуелната конкуренција.

Како шлаг или јаготка на тортата во седмата генерација на Elantra се имплементирани голем бројна  безбедносни и системи за помош на возачот,  како што се: систем за избегнување предни судири, систем за одржување на сообраќајна лента, систем за асистенција при менување на сообраќајните ленти, систем за следење на концентрацијата кај возачот, систем за предупредување за евентуален судир во слепата точка …

Тоа што посебно привлекува внимание е дека Hyundai ќе ја понуди Elantra и со хибриден погон за прв пат во досегашната историја на моделот.

Така верзијата Elantra Hybrid ќе биде опремена со бензински мотор, со четири цилиндри, со работен волумен од  1,6-литри, со позната GDI  технологија на производителот, во комбинација со електричен агрегат и со батериски пакет со моќност од  1.32 kWh.

На тој начин со синергија, добиената моќност изнесува 139 КС и 264 Nm максимален момент на вртење.

Моќта, преку шест степен менувач, со двојна спојка се пренесува на тркалата од предната оска.

Како погонска единица ќ биде понуден и бензинецот со четири цилиндри и работен волумен од 2,0-литри, со моќ од 147 КС, што доаѓа во комбинација со интелигентниот варијабилен менувач на Hyndai.

Во овој момент не е дефинирана цената за новата генерација на Elantra, а Hyundai планира да започне со производство во Јужна Кореа кон крајот на годината, ао плановите не бидат поместени поради пандемијата од корона вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови фотки и детали за Hyundai Prophecy

Иако се уште не е во продажба за него стасала над 600.000 нарачки

Годинава Volkswagen со plug in hybrid погони во Tiguan и Arteon

Alfa Romeo GT Junior на струја и со повеќе од  500 КС

Претставен Genesis G80, лимузина “џелат” на Mercedes Е класа…

Баварците подготвуваат лимитиран број X5 изведби со погон на хидроген за 2022

Во план и Hyundai Elantra N

Нови фотографии на продукциската верзија на Peugeot 508 PSE

Наследникот на Toyota GT86 доаѓа идната година?