Hyundai би можел да ја прекине соработката со Rimac

Според извори, Hyundai Motor ја прекинува соработката на проекти со Rimac Group, откако хрватскиот производител ги продлабочи врските со Porsche, пренесуваaт агенциите, иако од двете компании тоа го негираат….

Hyundai и нејзината сестринска компанија Kia Motors заедно инвестираа 80 милиони евра во Rimac Automobile во 2019 година и со тоа презедоа 12 отсто од акциите на хрватската стартап компанија, пишуваат информативните агенции.

Сепак, односот на Hyundai со Rimac стана покомплициран бидејќи хрватската компанија дополнително се поврза со Porsche. Во последната година, германскиот производител на спортски автомобили достигна 24% со 10% удел во Rimac Group. Покрај тоа, како дел од партнерството со Porsche, Rimac Group го презеде управувањето со производителот на суперавтомобили Bugatti од групацијата Volkswagen, која е сопственик на Porsche.

Rimac негираше дека зголеменото влијание на Porsche во компанијата предизвикало раздор со Hyundai.

„Hyundai обезбеди поддршка во трансформацијата на корпорацијата во последните 12 месеци – заедно со откривањето на знаењето на Rimac и спојувањето со Bugatti под сосема новата компанија Bugatti Rimac“, велат во Rimac Automobili

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Tesla ги запре нарачките од Европа и Кина за pick up моделот Cybertruck

Corvette Z06 70th Anniversary Edition како Pace Car на овогодинешниот Индијанaполис 500

Нов потпретседател на одделот за дизајн во Dacia

Се укинува производството на Ford Fiesta во изведба со три врати

Dacia одбележа убав јубилеј 10 милиони произведени возила

Цените на автомобилите во Русија со енормен скок по воената интервенција

Победи на Владимир Тренески и Давид Малинковски на првите две трки од Twingo Cup

На Хунгароринг викендов почнува сезоната на Twingo Cup

Потврдено – ќе има салон за автомобили во Женева идната 2023 година