Hyundai Casper во производство од 15 септември

Откако на почетокот на оваа година го претстави моделот Bayon SUV за европскиот пазар, Hyundai најавува уште помал SUV.

На крајот на краиштата, ова не е тајна веќе некое време, бидејќи шпионските слики во последните месеци  потврдија дека се подготвува мал теренец на ХHyundai.

Некои медиуми известуваат дека Hyundai го водел овој проект под кодот АХ1, додека неговото официјално име ќе биде Hyundai Casper.

Casper е долг 3595 мм, широк 1595 мм и висок 1575 мм.

Исто така, беше потврдено дека неговото производство ќе започне на 15 септември, со најава дека оваа година ќе бидат произведени 12.000 примероци, а следната година 70.000.

Иако главен пазар за овој модел ќе биде Азија, можно е тој да се продава и на други пазари, а можеби и во Јужна Америка. Најверојатно нема да го видиме во Европа, иако таквиот модел би бил интересна алтернатива на Ignis на Suzuki.

Во секој случај, Casper треба да ја користи истата платформа како градската  Hyundai Santro, додека за погонот најверојатно ќе се грижи 1,0-литарски со три цилиндри мотор. Во зависност од моторот, се очекуваат 5-степен мануелен и 5-степен менувач AMT.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Октански прстени.

Škoda станува марка на непушачи!

Наскоро Boldmen CR 4

Lada Niva Legend 50th Anniversary Limited Edition

Citroën Ami потврден и за пазарот во Велика Британија

Honda со online продажба на автомобили во Јапонија

Новиот управувач на Tesla на тест- Појави сериозни безбедносни ризици

Нова Honda BR-V со 7 седишта

До 2025 година сите Taxi возила во Виена ќе возат на струја!