Hyundai Elantra N TCR нов адут за натпреварување на Корејците

Hyundai Motosport го претстави својот најнов додаток во опсегот на TCR тркачките автомобили – моделот Elantra N TCR…

Elantra N TCR им се приклучува на Hyundai Veloster N TCR и i30 N TCR и ќе им се нуди на клиентските тимови ширум светот, со што Hyundai ќе има свои тркачки TCR претставници на патничките автомобили во различни земји.

Како што самите велат од Hyundai, „додатокот ќе понуди максимална релевантност за купувачите ширум светот, со тоа што автомобилот ќе биде наменет за тимовите на оние пазари каде што стандардната Elantra веќе се продава“.

Најновиот автомобил кој е дизајниран и направен од Hyundai Customer Racing одделот беше за прв пат претставен на Салонот во Пекинг.

Светската премиера следуваше по напорните тримесечни тестирања, за време на кои автомобилот веќе комплетираше 5.000 км возење на европските тркачки патеки.

Дизајнерите и инженерите добија задача во целост да ја искористат спортската шасија на патничката Elantra и формата на седанот со цел да се оптимизира дизајнот.

Но воедно и го применија и наученото при натпреварувања на трките со i30 N TCR и Veloster N TCR.

Кога станува збор за дизајнот, Elantra N TCR добива аеродинамичен body кит кој се одликува со голем преден сплитер и фиксиран заден спојлер, како и широки крила со цел да се постават пошироки тркала.

Иако од Hyundai не го нагласуваат тоа, овој body кит го најавува изгледот на престојниот Elantra N перформансен автомобил, барем во одредена мера.

Според регулативите, Elantra N TCR има погон на предните тркала и се напојува од 2,0-литарскиот турбо мотор „кој е изведен од целосно новиот базичен мотор кој е земен од патничките модели на Hyundai“.

Автомобилот го споделува истиот шестстепен менувач со лопатки кој се користи кај i30 N TCR и Veloster N TCR. Hyundai развива и патнички N модел, кој ќе се најде над спортската N Line верзија.

Тој модел се очекува да развива 275 КС.

Hyundai ќе продолжи со тестирање на автомобилот во престојните месеци, со тоа што првиот автомобил ќе биде доставен кај клиентските тимови пред крајот на 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

McLaren Elva Gulf Theme by MSO

Legendarni Nissan NPT-90

Gordon Murray ја засили екипата

Шефот на Lamborghini станува извршен директор на Formula 1

Peugeot подготвува ултимативен „спортист“ за Le Mans 2022

Фетел го купи болидот Williams FW14B што го возел Менсел

Alpine F1® Team влегува во Formula 1 ново име во големиот циркус на тркал

Цените на горивата повторно паѓаат

Renault Talisman отстапува место на електрична лимузина!