Hyundai го лансира Ioniq како нов суб-бренд за ЕВ

Името Ioniq прв пат гсе појави на автомобилската сцена во 2016 кога  гигантот од Јужна Кореја го лансираше моделот во три изведби, од кои и една хибридна и електрична…

Преку Ioniq суб-брендот Hyundai ќе пласира 100% електрични модели и тоа три во идните четири години.

Компанијата ќе ги комбинира предностите: како брзо полнење, просторна внатрешност и батериска моќ со идни иновации кои комбинираат дизајн, интегрирани технологија и искуства за услуги вои надвор од автомобилот, за беспрекорно патувања.

Трите модели кои се најавени се Ioniq 5, 6 и 7, а бројките ќе симболизираат големина и: парните како ознака за лимузините, а непарните бројки означуваат SUV изведби.

Прв модел кој ќе биде лансира е Ioniq 5 кој ќе биде компактен crossover на почеток на 2021. Ќе се базира на Hyundai 45 EV Concept кој беше презентиран на ланскиот салон во Франкфурт.

Во 2022 ќе биде лансиран Ioniq 6 – седан, базиран на Prophecy Concept, презентиран во март годинава.

На почетокот на 2024 ќе го лансира Ioniq 7, големиот електричен SUV.

Сите модели на Ioniq ќе лежат на Electric Global Modular Platform (E-GMP) која нуди брзо полнење. Од Hyundai исто така тврдат дека ќе направат внатрешност која ќе го промени концептот и ќе креира Smart Living.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Перформанс електричниот Ford Mustang Mach-E GT пристигнува во Европа

Peugeot 508 PSE официјално претставен

Новите модели на Volvo со специјални системи за пречистување на воздух

Најавен електричен Ford F-150

Toyota Yaris на Euro NCAP crash Test освои 5 ѕвездички

Volkswagen се пофали со можностите поточно со ефикасното полнење на ID.4

Daimler ги претстави водородниот камион и електричниот Actros

Kia Motors ја забрзува деловната трансформација да стане водечки EV бренд

Папараци го „уловија” маскираниот Volkswagen ID.6 на тест возење