Hyundai го покажа DAL-e робот што ќе продава возила на клиенти

Hyundai Motor Group лансира хуманоиден робот за услуги на клиенти наречен DAL-e кој е дизајниран да разговара со луѓето и да помага при изборот и продажбата на автомобили…

DAL-e роботот на Hyundai е високо напредна машина дизајнирана да комуницира со луѓето користејќи прецизни способности за препознавање и мобилна функција.

Името DAL-e е акроним за „Drive you, Assist you, Link with you – experience“. Овој робот на Hyundai е опремен со најмодерната AI технологија за препознавање на ликови, како и комуникациски систем базиран на платформа за разбирање на јазици.

Роботот е дизајниран за да ја донесе иднината во услугите за клиенти, каде што пандемијата со COVID -19 и сличните нешта кои бараат социјална дистанца не принудуваат на се помалку физички контакти при извршувањето на секојдневните задачи.

Роботот е со димензии 1.160 х 600 х 600 мм и тежи 80 кг.

Роботот DAL-e е прикажан во изложбен салон на Hyundai во јужен Сеул, каде што роботот ги изврши своите први операции.

По ова, сега се очекува да се користи во разни области за кои се потребни при секојдневни интеракции со клиенти, како што се останатите изложбени салони кои работат под групацијата на Hyundai.

Со својата мала хуманоид – глава која е веднаш забележлива, DAL-e е значително полесен и покомпактен од било кои други роботи кои се користат во исти и слични дејности.

Опремен е со еден куп на пријателски, емотивни карактеристики за поприроден пристап и интеракција со клиентите.

Доколку клиент влезе во продажен салон без да носи маска, роботот ќе го препознае тоа и ќе го посоветува клиентот да стави маска.

Кога станува збор за комуникациските способности, DAL-e е способен да влезе во конверзација со клиентите со нудење на корисни информации околу производите и услугите, сето тоа додека одговара преку екранот на допир и вербални команди.

Кога станува збор за мобилноста, роботот може да се движи слободно и да ги придружува купувачите до одредените места благодарение на четири повеќенасочни тркала.

Во Hyundai планираат постојано да го унапредуваат DAL-e базирано на податоците од пилот операциите со цел да ги подобри неговите способности со тек на време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai Tucson го помина тестот на северен елен со солидни 71 км/ч

Нови детали за иновативниот Hyperscreen дисплеј во EQS

Cupra Formentor и Polestar 2 на EuroNCAP Crash Test со максимални оцени!

Во Сингапур се тестираат автобуси во јавен сообраќај

Cupra започнув нова ера со Cupra Born

Ford разви панел за подобра видливост за патари и другите служби ноќе

Ducati Smart Jacket- елек со интегрирано воздушно перниче

Huawei влегува во автомобилски бизнис

Audi унапреди неколку PHEV модели со помоќни, поголеми батерии