Се подолг станува списокот на производители што годинава ќе го прерипаат салонот за автомобили во Женева, што ќе се одржи на почетокот на наредниот месец …
Имено, последен на тој список е Hyundai кој деновиве најави дека нема да изложува на салонот во Женева, со образложение дека финансиските инвестиции едноставно се преголеми.
Покрај тоа од производителот на автомобили од Јужна Кореја велат дека во компанијата бараат нови иновативни модалитети за комуникација со своите клиенти.
Од друга страна, пак, Kia ќе биде присутна на претстојниот салон за автомобили во Женева.
Исто така, Hyundai во своето соопштение потврди дека ќе учествува на салонот за автомобили во Франкфурт што ќе се одржи во септември тековната 2019 година.
Потсетуваме, на салонот за автомобили во Женева што ќе ги отвори своите порти за посетителите од седми до 17 март тековната 2019 нема да бидат присутни и Ford, Land Rover, Jaguar, Opel, Volvo…