Hyundai Hyundai HB20 лошо помина на Euro NCAP тестот

Градскиот hatchback на производителот од Јужна Кореја наменета пред се за пазарот во Јужна Америка, а на тамошниот NCAP crash тест заработи само една ѕвездичка за заштита на возрасните патници…

HB20 е еден од најпопуларните автомобили во Бразил, па затоа и неговото производство се одвива во оваа земја. Интересно е што овој модел го помина тестот NCAP минатата година со четири sвезди за заштита на возрасни патници, но оваа година покажа бројни недостатоци.

Овој hatchback доаѓа во издание со две воздушни перничиња и не го положи споменатиот испит.  Утврдено е дека возрасните патници се особено загрозени во пределот на градниот кош, додека при страничен удар беа достигнати максималните биомеханички граници на човечкото тело, за севкупна многу слаба оценка од само една ѕвезда за заштита на возрасни патници.

Александро Фурас, шеф на латиноамериканскиот NCAP рече дека е разочаран од резултатот на Hyundai. Изненадувачки е и истовремено разочарувачки што бренд како Hyundai, кој е меѓу глобалните лидери во безбедноста на возилата, нуди толку слаби резултати на тест за краш во земјите од Латинска Америка“, рече Фурас.

Запрашан да коментира како е можно еден автомобил да има толку драстична разлика во два теста за краток временски период, Фурас изјави дека NCAP не нашол значителни разлики во конструкцијата на самото возило.

„Зоните за деформација останаа исти, дури и површината на ударот на куклите на некои од тестовите е иста. „Забележавме побрзо забавување на возилото и малку поинаква деформација на внатрешниот дел од вратата“, рече шефот на латиноамериканскиот NCAP.

Тој додаде дека тие испратиле официјално писмо до Hyundai со прашање дали самиот производител може да објасни толку големи разлики во тестот или може да има проблем со одредена серија автомобили или можеби дури и со цел модел.

Од Hyundai сè уште не го коментираа инцидентот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снимен мистериозен Bugatti

De Tomaso станува американска марка

Fiat Moby за помалку од 6.000 евра но во Јужна Америка

Во Берлин со регистерски таблички и за велосипеди!?

Возачите во Британија нема да смета ниту да држат мобилни во рака

Вгодина Škoda Enyaq iV Coupe!

Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio SUV на годината!

McLaren Elva Gulf Theme by MSO

Bugatti Type 251 Evo концепт