Hyundai и KIA инвестираат 80 милиони евра во Rimac Automobili!

Hyundai Motor Company i Kia Motors Corporation инвестира 80 милиони евра во производителот на електрични супер автомобили од Света , при што Hyundai ќе вложи 64, a Kia Motors 16 милиони евра…

Така започнува соработката на трите кармејкери, a прв заеднички проект е развој на два електрични возила со високи перформанси до  2020 година.

Hyundai Motors  сака да го забрза својот премин  кон „чиста мобилност“ и да се позиционира како глобален лидер во задвижувањето на таа промена во индустријата.

Еден од клучните мерки за постигнување на тој премин кон електрификацијата на што групата Hyundai Motor се надева е лансирање на  44 електрифицирани модели до 2025 година.

Очигледно е дека Корејците  виделе голем потенцијал во Rimac Automobili, кои во релативно кус период на своето постоење се етаблира како еден од лидерите на пазарот кога станува збор за електрични погонски системи  и затоа одлучиле да инвестираат во компанијата од Св. Недела и на тој начин да ја започнат соработката.

Hyundai Motor, Kia Motors и Rimac теснo ќе соработуваат за да развијат електричен спортски автомобил со централно поставен погон на спортската марка Hyundai N и електричен хибрид со горивни ќелии, за кој Rimac ќе обезбеди клучни компоненти.

„Rimac е иновациска компанија со извонредни способности во полето на  електричните возила со високи перформанси”, рекол Еуисун Чунг (Euisun Chung), извршен потпретседател на Hyundai Motor Groupe.

„ Нивните start-up корени и богатото искуство во соработка со производители на автомобили во комбинација со технолошката сила го прават Rimac идеален партнер за нас. Се радувам на соработката со Rimаc на нашиот пат кон чистата мобилност“.

Мате Римац, основачот и извршен директор на компанијата Rimac Automobili рекол:„Многу сме импресионирани со визијата на  Hyundai Motor Grоup и со брзите и одлучни иновации. Верувам дека ова технолошко партнерство ќе креира максимална вредност за двете компании и клиенти.  Rimac e се уште млада и релативно мала, но компанија со брз раст.

Гледаме силен инвеститор и технолошки партнер во Hyundai Motor Grоup и веруваме дека оваа соработка ќе ја засили позицијата на Rimac Automobili како добавувач на технологии за електрични погони за партнерите во индустријата.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метанско гориво достапно и на бензинската станица Гевгелија

Volvo Cars не повлекува автомобили од пазарот!

Во план спортски урбан Volkswagen crossover

Volvo ќе ја проширува SUV понудата

Ford и Ми-Да Гранд Моторс во нов импортерски, продажнен и сервисен центар

Новиот  Citroen C5 Aircross SUV: Веќе  продаден во над 50,000 примероци!

Следно ниво VW и Ford договорија соработка и за автономни и за EV

Исполни ја твојата желба за нова Кia!

Новата Mazdat 3 co Red Dot Best of The Best награда