Hyundai и KiA во проблеми поради дизелот

Двата најголеми производители на автомобили од Јужна Кореја станаа предмет на истрага на германската полиција, бидејќи во нивните простории е извршена рација поради сомневање за постоење на уред кој ја намалува емисијата на штетни гасови при тестирање.

Софтверските уреди кои се поставени да ја намалат количината на издувни гасови во дизел моторите при тестирање на емисиите не се ништо ново. Ваквите уреди се користат уште од 1970-тите, а иноватор беше Volkswagen.

Речиси половина век подоцна, германската компанија повторно се најде во сериозен проблем поради истиот уред, а скандалот го доби дури и своето име – Дизелгејт. Сепак, се чини дека производителите на автомобили не извлекоа поука од огромните казни што Volkswagen требаше да ги плати. Германската полиција упадна во просториите на Hyundai и Kia во таа земја, поради наводите дека инсталирале софтвер кој влијае на емисијата на штетни гасови во 210.000 дизел возила, се наведува во соопштението на Државното обвинителство во Франкфурт.

Се верува дека софтверот го развиле добавувачите на делови и опрема Bosch и Delphi, а полицијата извршила претрес во деловните простории на јужнокорејските брендови во Германија и Луксембург, како дел од операцијата спроведена во соработка со Eurojust.

Портпаролот на Hyundai ја потврди веста за рацијата и рече дека компанијата соработува со властите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија ги намалува субвенциите за купување EV

Новиот Audi RS3 co електричен мотор

Почна производството на Mercedes-AMG One

Новиот Porsche 911 GT3 RS на пазарот пристига 2023

Next.e.GO Mobile SE ќе произведува електрични автомобили во Македонија

Во Германија нови давачки за дизел и бензински автомобили а олеснувања за EV

Подновен беџот и имиџот на луксузниот автомобилски бренд

Илон Маск одличен дипломат -Tesla во Кина со „повластена“ позиција

Неофицијалните рендери открија многу можен изглед на претстојната BMW Серија 5.