Hyundai Motor Group и Rolls-Royce Holdings (компанија за авиони, а не автомобилска компанија) потпишаа писмо со намери за заеднички развој на одржливи погонски системи за авиони.
Тие ќе работат заедно за да развијат погонски системи за мали патнички беспилотни дронови. Системите треба да користат електричен погон, а електричната енергија би се добивала од водородни горивни ќелии, пишуваат информстивните агенции.
Компаниите имаат намера да развијат целосно функционален прототип до 2025 година, по што ќе ја понудат технологијата на пазарот. Употребата на горивни ќелии, како што тврдат овие две компании, овозможува електричен погон на авиони со низок шум и ниски емисии на штетни материи во комбинација со долг дострел.
Hyundai има значително искуство со производство и развој на горивни ќелии, а заедно со Toyota дојде најдалеку од сите производители на автомобили во оваа област. Rolls-Royce Holdings е еден од најголемите светски производители на млазни мотори за цивилни авиони, а произведува и напредна воена опрема.