Hyundai i20 N и официјално

Ова се првите фотографии од долгоочекуваната спортска верзија N на моделот i20, која ќе започне да се продава на почетокот на следната 2021 година….

Како што се очекуваше, Hyundai i20 N е придвижуван од 1.6-литарски турбо мотор со 204 КС и 275Nm и доаѓа во комбинација со шест степен мануелен менувач на брзини, како и со погон на предните тркала.

Односот на моќност / тежина е 171 КС на еден тон, а возачот има неколку достапни режими на возење:  Normal, Eco, Sport, Nи N Custom .

Автомобилот исто така се одликува со карактеристична „Performance Blue“ боја, спортска суспензија, пошироко растојание помеѓу оските, подобрено управување, посилни сопирачки (дискови  со дијаметар од 320 мм напред), црвени „шепи“на сопирачки, 18-инчни алуминиумски тркала, спортски издувен систем, попривлечен aero body – kit, саќеста маска на ладилникот, со лого N, црвени детали, елементи Phantom Black (столбови, покрив и ретровизори)…

У цо внатрешноста се издвојува по со кожен обрабен волан, спортски седишта, црвени шевови и нови педали.

Перформансите се за респект. Забрзување од 0 до 100 км/, за 6,7 секунди и може да достигне максимална брзина од 230 км/ч.

Навистина жежок hatchback на реномираниот производител на автомобили од Јужна Кореја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Nissan Note и официјално дебитира

Volkswagen ID.5 само за Европа

Во Кина дебитираше освежениот Jeep Compass

Nissan Note дебитира утре

Kia Sorento Yosemite Edition и  Sorento Zion Edition

Уловена Kia Sportage 2022

BYD D1

Пристигнува електричен VW I.D. Vizzion concept

Elation Freedom супер спортист на струја