Хибридниот автомобил на Hyundai за овогодинешниот Светски шампионат во рели (WRC) ќе биде придвижуван од 1,6-литарски бензински турбо полнач со помош на електричен мотор.
Hyundai понуди одговор за електрификацијата на WRC автомобилот што беше најавена минатата година, а ќе се применува од овогодинешниот Светски шампионат во рели, кој започнува на 20 јануари во Монте Карло.
Хибридниот погон што доаѓа со новиот рели автомобил на Hyundai i20 N Rally1 2022 Edition се состои од 1,6-литарски турбо бензински мотор со 4 цилиндри, потпомогнат од електричен мотор, а возачот ќе има на располагање околу 500 коњски сили за ограничено време, што не потсети на потенцијалното рели „чудовиште“ од долго забранетата Група B.
За пренос на силата на двете оски е задолжен 5-брзински менувач, а употребата на сопирачки е задолжена за полнење на батериите.
Очекувано, во споредба со моделот со кој Hyundai учествуваше во WRC минатата сезона, хибридниот i20 N тежи околу 70 килограми.