Hyundai иднината ја замислува во симбиоза со роботи!

Роботите веќе не се предмет на научна фантастика, па веќе некое време полека, речиси незабележливо, влегуваат во реалниот живот, односно во секојдневието…

Hyundai замислува свет во кој машините би можеле да му бидат од голема помош на човекот.

Светот во кој луѓето се возат во роботски капсули звучи како дистопија. Но, токму Hyundai претстави токму таква визија на овогодинешната манифестација CES 2022 во Лас Вегас.

Се започна кога минатата година го најави купувањето на компанијата Boston Dynamics што се занимава со роботика, што јасно укажува на големиот интерес за роботите.

Новата презентација покажува колку далеку концернот од Јужна Кореја е подготвен да оди, бидејќи роботите опслужуваат сè – од јавен превоз до обезбедување здравствени услуги.

Видео презентацијата трае помалку од две минути, а човештвото изгледа како некоја далечна цивилизација.

Промените најмногу се однесуваат на мобилноста, па останува да се види дали и кога Hyundai ќе може да ги смени превозните средства и начинот на патувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Renault Austral ја открива својата елегантна и мускулна силуета

Opel продолжува со забрзана електрификација

Тоyotа за три години со солидни батерии во EV и хибридните возила

Батеријата на EV полнете ја до 90% од капацитетот – ќе биде подолговечна!

Нови Alfa Romeo Giulietta и Alfa Romeo GTV

Tesla Model S Plaid ја зголеми максималната брзина на 262 км/ч

Тesla Model S со батерија од startup компанија со едно полнење минал 1.020км

И Sony ќе произведува електрични автомобили – Vision-S 02 concept

Новиот Fiat 500 на CES 2022