Hyundai ќе го нападне пазарот на камионети во САД

Производителот од Јужна Кореја ќе мора да направи pick – up во Северна Америка за да ја избегне царината од 25% на увезените возила, пишува Tportal.hr…

Најновите вести од автомобилскиот пазар во САД велат дека Hyundai наскоро би можел да влезе на тој пазар со  pick – up возило, најверојатно целосно произведен во САД со цел да привлече купувачи кои не се традиционални сопственици на таков тип возила, изјавил еден од директорите на Hyundai за Bloomberg.

Тоа ќе биде многу сестрано возило “, изјавил Мишел О Брајн (Michael O’Brien), потпретседател за планирање на производи, корпоративни и дигитални планови за Hyundai, и ветува создавање на сосема нова класа на купувачи.

Од Hyundai не сакаат да откријат кога ќе го покажат својот  pick – up, односно не откриваат детали за спецификацијата.

Инаку, Hyundai во 2015 година прв пат даде навестување на јавноста како би можел да изгледа нивниот pick – up каога е покажен Santa Cruz Crossover Truck Concept на салонот за автомобили во Детроит.

Трговците на Hyundai во САД биле воодушевени од концептот. Возило со пет седишта без некои претензии има форма на  crossover со дизел мотор со работен волумен од 2,0-литри, со турбо полнач  и задна врата што се спушта со продолжување што се лизга (извлекува).

Моделот е наменет за помладата клиентела во големите градови кои не можат да сместат голем pick – up  со полна големина на ограничените места за паркирање.

Но Hyundai ќе мора да го произведе тој pick –up во САД за да ја одбегне царината од 25 % на увезени возила.

О’ Брајан силно сугерирал дека компанијата ќе се одлучи за производство на новиот камионет во САД каде и повеќето од нив ќе се продаваат за да се избегнат политичките контраверзии.

„ Тоа возило би морало да се произведува во САД “ рекол, истакнувајќи дека производителите на автомобили што одлучиле да произведуваат нови возила во Мексико го предизвикуваат гневот на претседателот Доналд Трамп.

Hyundai ги произведува лимузините Elantra и Sonata како и crossover Santa Fe во својата фабрика во Монтгомери, во Алабама, САД, што располага со капацитет од околу 400.000 возила годишно.

Неговата филијала Kia Motors Corp. ги склопува моделите  Telluride, Sorento и Optima во фабриката во Вест Поинт, во Џорџија, САД, каде произведува 340.000 возила годишно.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Cupra Concept подготвена за Салонот во Франкфурт

Се враќа „монструмот“ Saleen 7 и пристигаат и два новитета!

Во Италија испитуваат со нова максимална брзина на автопат 150 km/h

И Toyota со Rover -концепт возило за освојување на нови планети!

Погонскиот мотор на Porsche за Formula Е

Новиот BMW X6 M пристигнува 2020

C8 Corvette – 2020 дебитира под името Stingray!?

Слеп механичар со полн гас возел низ пустина!

Најбрза куќа- колиба на тркала!