Веројатно се сеќавате на анимираниот филм „Кралот Лав“ каде Муфаса чичкото на Симба, со подмолности го убива својот брат и таткото на малиот лав и го узурпира престолот како „крал на саваната“…
На крајот на март, Hyundai ќе претстави нов SUV модел во Кина кој го нарече Mufasa (по ликот од цртаниот филм на Дизни, Кралот Лав спомнат во поднасловот на онформацијата).
Станува збор за возило со пет седишта, должина 4475 mm, ширина 1850 mm и висина 1686 mm.
Засега е познато дека во понудата ќе има 2.0-литарски бензински мотор со моќ од 118 kW/160 КС, додека хибридна верзија очигледно нема да има.
Сепак, овој теренец од 1910 килограми ќе може да достигне максимална брзина од 187 km/h.