Hyundai почна да ја користи технологијата на отклучување и стартување со прст

Биометријата веќе извесно време се користи во унапредување на безбедноста на мобилните телефони и персоналните сметачи, a сега оваа технологија, по малку срамежливо, почнува да пронаоѓа пат и во автомобилската индустрија а тука Корејците сакаат да бидат помеѓу првите

По Bentley Bentaygа, читачот на отпечатоци на прсти од првиот квартал на 2019 година ќе се најде и во SUV моделот на Корејците – Hyundai Santa Fe.

Технологијата е вградена на кваките на вратите и на копчето start/stop, па сопственикот, или овластеното лице може да влезе и да го задвижи возилото без клуч.

Системот исто така, во зависност од наместениот профил, автоматски ќе се прилагодува на возачот поставувајќи ја според него позицијата на седењето и аголот на поставеност на надворешните ретровизори, а во не така далечна иднина би требало да ја контролира и позицијата на управувачот, температурата во кабината како и бројни други поставки.

Во Нyundai тврдат дека читачот на прстот го поедноставува користењето, но и значително ја зголемува безбедноста на возилото .

Системот е способен да ја анализира разликата во нивото на електрицитетот на прстот, па не е едноставно да го измамите со лажен прст (отпечаток) a шансите да погреши , наводно, изнесуваат еден наспроти 50.000.

Од Hyundai најавија нови податоци за цената и за достапноста на оваа нова технологија, а засега единствено е потврдено дека нивниот читач на отпечаток од прст во  Santa Fe ќе биде понуден само на одредени пазари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volvo моделите во Европа ќе се предупредуваат едни со други од лизгави патишта и опасности

Старт-ап компанија од Швајцарија најави батерии со кој EV ќе поминат 1000 km!

Microsoft  и BMW Grоup лансираат Отворена производна платформа

Jaguar и Land Rover во иднина со возила што уништуваат патогени бактерии и вируси

Renault најави нов електричен компакт

Škoda со „лек“за заборавните возачи – Aприлили!!!

VW ќе ја предводи Eвропската „батериска унија“ за EV

Volvo надзор врз возачот за дополнителна сигурност!

Новиот Green NCAP за проценка на еколошката прифатливост на возилата