Hyundai се откажува од V8 мотори

Не дека порано производителот од Јужна Кореја не бил особено познати по ваквите агрегати, но еко свеста и електрификацијата ги „јадат“ првите жртви….

Корејски AutoDaum известува дека Hyundai ќе се збогува со V8 моторите до крајот на годината, а на нивно место ќе застанат турбо-во-линија мотори со шест цилиндри.

Така, последниот модел на брендови од групацијата Hyundai со ваква енергетска единица ќе биде сегашниот Genesis G90, кој ќе има наследник на крајот на оваа година, а тој наследник ќе се потпре на претходно споменатите  „шестки“ во линија.

Kia K9 веќе се откажа од ваквите единици, па евидентно е дека приказната за V8 меѓу Корејците го доби последниот чин.

Сегашниот Genesis G90 користи 5,0-литарски атмосферски V8 кој испорачува 313 kW и 520 Nm. Ова е исто така најмоќниот мотор што моментално го произведува групацијата Hyundai.

Така, Hyundai се приклучува на растечката група на брендови кои полека, но сигурно им вртат грб на ваквите традиционално потентни единици во корист на поновата технологија.

И Мercedes најави дека во иднина неговите модели полека ќе се свртат кон употреба на мотори со шест цилиндри во линија во хибридни погонски единици наместо стари V8 мотори, а Тoyota исто така почна полека да им го врти грбот на ваквите погонски единици.

Новите, построги стандарди за емисија на штетни гасови во Европа, секако ќе ја забрзаат смртта на моќните V8 моторот во овој дел од светот, така што ќе биде вистинско (технолошко) чудо доколку го преживее следниот стандард на Euro 7.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alfa Romeo Tonale сепак ќе дебитира годинава

Иновативни метлички со две острици

Германците вградуваат клима уреди и во автопат

Електрична треска во Европа -Франција за две години со тројно поголема продажба на ЕВ

Lexus подготвува ривал на Audi Q2

Италијанската дивизија на Stellantis го напаѓа премиум В сегментот

Запрени испораките на Tesla Model S

Најавен  ЅsangYong Х200

Lamborghini со нов V12 со хибридна помош