Hyundai со хидроген инфраструктура за камиони со горивни ќелии

Првите камиони н водород со горивни ќелии Hyundai H2 Xcient ќе бидат доставени наредната 2020 година на еколошки свесните Швајцарци…

Електричниот камион на горивни ќелии Hyundai H2 Xcient  има моќен 190/ 258 (kW /КЅ) систем со водородни горивни ќелии.

Системот се состои од две куќишта на горивни ќелии од 95 kW што паралелно се поврзани.

Тука се и седум резервоари со водород, со капацитет од 35 kgH2 што овозможуваат автономија на возење, со едно полнење поголема од 400 km.

Првите 50 камиони со горивни ќелии ќе бидат доставени во Швајцарија наредната 2020 година, а до 2025 година ќе бидат испорачани вкупно 1600 камиони.

Со цел да се обезбеди производство и снабдување со водород, Hyundai Hydrogen Mobility кој претставува заедничка инвестиција на Hyundai Motor Company и швајцарскиот експерт за водород H2 Energy, влезе во стратешко партнерство со Hydrospider.

Од крајот на тековната 2019 година, Hydrospider, инаку заедничко вложување на H2 Energy, швајцарскиот снабдувач на енергија Alpiq и Linde Group, ќе произведува хидроген во новата постројка за електролиза со моќ од 20 MW.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi најавува „пионерски” модели со висока ефикасност”

Новите модели на Fiat нудат заштита од вируси!

Видео Škoda Superb iV и VW Passat GTE паднаа на тестот „северен eлен”!

Lancia Ypsilon Hybrid EcoChic

Peugeot управувач: Од едноставна “рачка” до мултифункцонален управувач

Во BMW применета вештачка интелигенција за фарбање каросерии

Ferrari нема да произведува електричен супер автомобил -струјата се уште заостанува со перформансите!

Според Ford: Ford Focus ST e супериорен во однос на VW Golf GTI

EuroNCAP со нови прописи и построги критериуми