Hyundai со нов crossover Cretan во Шангај 2019

Пoтполно новиот субкомпактен crossover на Корејците се наметнува пред се со својот малку е да се рече авангарден, туку храбар изглед…

Производителот на автомобили од Јужна Кореја веќе е глобално позициониран и на секоја автомобилска манифестација лансира по некој концепт, студија или нв сериски модел, а актурлниот Саем во Шангај го избра за светско деби својот потполно нов Hyundai ix25.

Моделот познат под името Creta на други пазари, сега во втората генерација овој суб компактен crossover доаѓа во похрабро и поробусно издание.

Надворешниот дизајн го следи актуелниот дизајнерски јазик на марката и новиот Hyundai ix25 ја носи новата предна корпоративна решетка, како Hyundai Palisade и останатите модели лансирани во последно време.

Дизајнот на предните светла се во два дела и е инспириран од Kona, а стилот е задржан и кај задните светла, додека останатиот дел од автомобилот изгледа сосема конвенционално.

Малиот crossover содржи и off-road акценти, каде се вбројуваат предната плоча и пластичното обложување на телото, а од Hyundai велат дека новиот  ix25 е совршено прилагоден за кинескиот пазар, но не открива повеќе детали.

Но, во кинеските медиуми се вели дека автомобилот во однос на својот претходник е подолг за 30mm, поширок за 10 mm и има поголемо растојание помеѓу оските за 20 mm, иако неговата висина е намалена за 7 (седум) mm со што добива поатлестка и поаеродинамична става.

Внатрешноста во ix25 е со модерен изглед, благодарение на инфозабавниот систем со екран на допир, кој ја заменува класичната централна конзола.

Во однос на погонските агрегати, Hyundai сеуште не открива ништо…, а во Шангај Hyundai ја претстави и новата генерација на Sonata, наменет за кинескиот пазар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alfa Romeo Giulia QV – посебна изведба во егзотични бои!

Претставено мало електрично возило наречено по Хусеин Болт!

KIA најави уште еден мал SUV

Вака изгледа внатрешноста на новата BMW Series1

Новиот Aston Martin на Бонд преполн гаџети за тајниот агент 007!

Во Барселона Lexus со автомобил од вселената во портокалов аранжман!

Новиот Range Rover пристигнува 2021

McLaren го произведен 20.000-от автомобил во Вокинг

Три децении на култната Mazda MX-5 (Miata)