Hyundai Sonata N Line

Пред нас се официјалните слики на верзијата N-Line на новата генерација на Hyundai Sonata.

Накратко, оваа лимузина доаѓа со префинет aero body пакет на -каросерија (модифициран преден браник со поголеми отвори за воздух, заден дифузер, спојлер на багажникот), маска со форма на саќе, со ознака N-Line, црни ретровизори, алуминиумски тркала со големина од 19 инчи, изменета суспензија, посилна сопирачки (дискови 345 мм напред и 325 мм назад), спортски издувен систем со четири издувни цевки…

И внатрешноста е рафиниран ентериер со кожен волан, детали од темно хром, N спортски седишта и контрастни споеви.

Погонот е обезбеден од 2,5-литарски турбо бензински агрегат, додека повеќе детали ќе бидат објавени на 21 октомври за време на лансирањето на глобалниот пазар.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

De Tomaso станува американска марка

Fiat Moby за помалку од 6.000 евра но во Јужна Америка

Во Берлин со регистерски таблички и за велосипеди!?

Возачите во Британија нема да смета ниту да држат мобилни во рака

Вгодина Škoda Enyaq iV Coupe!

Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio SUV на годината!

McLaren Elva Gulf Theme by MSO

Bugatti Type 251 Evo концепт

Од Волфсбург со тизер го најавија VW Golf 8R