Hyundai воведува задни и средишни возушни перници!

Пред се се наменети за заштита при странични удари, кога патниите на задните седишта ги штити од тешки повреди на главата, вратот и карлицата…

Првите тсетови на овие инвентивни перници ќе бидат спроведени во текот на наредната 2020 година, а нивната сериска примена во моделите на KIA и на Hyundai се очекува во 2023 година?!

Тоа значи дека по предните и старничните воздушни перници, страничните воздушни завеси и воздушно перниче за колена следува уште еден исчекор во полето на airbag- технологијата.

Од Hyundai претставија задно средишно воздушно перниче како ефикасно средство за заштита на патниците позади при странични удари.

Имено, тогаш телот, со инерција почнува странично да се движи во спротивна насока на ударот и при тоа се создаваат две опасни можности за патникот.

 

Првата е дека се создава големо странично ненадејно изместување што ја оптоварува карлицата, а особено вратниот дел, што е многу опасно, како и на главата.

Второто негативно сценаријо е да дојде до судир со главите на патниците што седат позади, што исто така може да има трагични последици.

Решение за таквите ситуации е токму централното задно воздушно перниче, односно два такви во пар во средина, што во тие ситуации би обезбедиле ефикасна заштита на патниците што седат позади.

Првите тестови се очекуваат веќе кон средината на наредната 2020 година, a ако тестирањата поминат според предвидувањата на експерите, нивната сериска имплеметација во идните модели на автомобилскиот концерн од Јужна Кореја се очекува во 2023 година.

Тоа е исклучително важна безбедносна иновација, што би можела да се прошири на целата автомобилска индусртрија, односно и каj моделите на останатите брендови.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW инвестира 2,6 милијарди евра во „старт-ап” компанијата Argo AI

Најавен Maserati Ghibli Hybrid

Audi најавува „пионерски” модели со висока ефикасност”

Новите модели на Fiat нудат заштита од вируси!

Видео Škoda Superb iV и VW Passat GTE паднаа на тестот „северен eлен”!

Lancia Ypsilon Hybrid EcoChic

Peugeot управувач: Од едноставна “рачка” до мултифункцонален управувач

Во BMW применета вештачка интелигенција за фарбање каросерии

Ferrari нема да произведува електричен супер автомобил -струјата се уште заостанува со перформансите!