И Bentley со рекордна година

Bentley ги објави продажните резултати за 2021 година и тие покажуваат дека оваа марка продаде вкупно 14.695 од своите луксузни возила ширум светот минатата година…

Тоа е зголемување од 31 отсто во споредба со 2020 година (кога беа продадени 11.206 возила) и претставува нов годишен рекорд за Bentley.

Овој успех се должи на SUV моделот Bentayga, кој учествува со дури 40% од вкупната продажба на марката.

Исто така, Bentley истакнува дека хибридната верзија учествува со 20% од продажбата во палетата Bentayga.

Америка и Кина се најважните пазари за Bentley, бидејќи 57% од сите автомобили од оваа марка беа испорачани таму во 2021 година.

Што се однесува до пазарот на матичната земја Велика Британија, Bentley ја зголеми продажбата таму за 14% минатата година, така што пазарот во В. Британија учествува со 9% од нивната вкупна продажба за 2021 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои половни автомобили се најпопуларни на Стариот континент

Салонот во Детроит во Септември, а во Париз во Октомври годинава

Honda Civic Автомобил на годината во Северна Америка за 2022

Од 2030 година Mercedes нема да нуди каравани

SsangYong доби нов сопственик

Peugeot и дефинитивно се откажува од враќање на пазарот во САД

Непрофитабилните марки во Stellantis немаат светла иднина!

Кои половни автомобили се најдоверливи- по класи

Во минатата 2021 повторно е урнат рекордот во продажба на SUV возила