И Чешка се противи на забраната за продажба на возила со термални мотори!

Уште една земја се вклучува во фронтот и најавува борба против одлуките на Европската комисија…

Чешка значително се потпира на производството на автомобили, а во таа земја, покрај Škodа, постојат уште неколку фабрики со значителен капацитет (Toyota и Hyundai) и улога на европскиот пазар.

Андреј Бабиш, премиерот на Чешка, најави дека ќе се спротивстави на забраната за продажба на возила со мотои со внатрешно согорување во ЕУ и дека ќе се обиде да ја заштити автомобилската индустрија на неговата земја.

„Тука не можеме да го спроведеме она што зелените фанатици го замислуваат во Европскиот парламент“, рекол Бабиш.

Покрај тоа, премиерот на Чешка ја отфрли можноста за државни субвенции за развој на инфраструктура за полнење електрични автомобили и создавање мрежа на јавни полначи.

Се повеќе се зголемуваат гласовите против најавената забрана за продажба на  возила со мотори со внатрешно согорување на територијата на ЕУ од 2035 година.

Французите се изјаснија против оваа „ненадејна акција“ уште пред Европската комисија официјално да излезе со предлог.

Така Renault  минатата недела објави дека активно ќе лобира против споменатата забрана, а сега гледаме дека Чешка, како држава, ќе застане во одбрана на националните интереси, кои очигледно се на страната на креациите на четири тркала со термички погонски единици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија: Предлог поголеми и потешки автомобили да плаќаат повеќе за паркирање

Најпопуларни автомобили август во Германија

Renault Kadjar ќе добие електричен наследник

Луксембург со најмногу автомобили на жител во Европа

Русија повеќе не казнува „преголема просечна брзина“ на патиштата

Новиот Citroen C4 и e-C4 100% electric-Успешен почеток на продажбата во Европа

Во област крај Москва ќе се гради прва фабрика на Tesla во Русија

Познати полуфиналистите на изборот Северноамерикански автомобил на годината 2022

САД проверуваат 30 милиони возила поради потенцијално неисправни перници