И Ferrari отповикува автомобили!

Ferrari е принуден да повлече над илјада примероци од супер-скапиот GT модел….

Тоа е моделот 812 Superfast на кој најтешко му одолеваат славните спортисти. Во Америка, пак, за овој супер „спортист“ откриле фабричка грешка.  Поради некоректно поврзување постои можност задниот панел со стаклото да се одлепи и да падне.

Затоа мора да се сервисираат точно 1063 примероци, пренесува американската NHTSA. Интересно, првите случаи беа забележани уште пролетта во Германија, а истрагата откри грешка на добавувачот.

Имено, производителот на стакло не ја исчисти доволно добро површината на спојот со конструкцијата на автомобилот, па не е направено правилно – соодветното лепење.

На 30 септември, Ferrari донесе одлука моделот да биде отповикан и да бидат поправени сите примероци. Сопствениците на спорните автомобили ќе добијат известување од лужбата за итни случаи до шести (6) декември.

На сите тие автомобили ќе им бидат заменети задните стакла. Ferrari 812 Superfast беше претставен во 2017 година како наследник на моделот F12 tdf.  Го придвижува 6,5 V12 со 800 КС и 718 Nm.Перформансите се супериорни: Од 0 до 100 км/ч забрзува за 2,9 секунди и може да достигне максимална брзина од 340 км/ч.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рекорд во дрифтање со автомобил на струја!

Несмасно паркирање на електричниот Taycan

Бетонска плоча падна врз паркиран SUV

Специјална едиција на Morgan

Електричен Volkswagen e-Kubel

Dacia Grand Duster со седум седишта

Renault во Индија претстави crossover концепт Kiger

Најавен Mercedes Maybach S Class

Супер гаража вредна 13,5 милион долари design by McLaren