И Honda најави вградување на виртуелни ретровизори!

На стартот овој револуционерен систем ќе се вградува во електричниот Hondа E model

Системот на огледала со странични камери пред се донесува ново рамниште не безбедност и аеродинамични предности.

Сликите од камерата се проектираат на внатрешните екрани што се идеално позиционирани за секој возач.

Од Honda потврдија дека системот на огледала на страничните камери на новата Honda e електричниот автомобил каде би бил достапен како опција кога автомобилот ќе биде понуден на пазарот.

Како што може да се види од прототип изведбата тоа ќе биде прва таква технологија видена во компактен сегмент и донесува значајни предности во однос на естетиката, безбедноста, аеродинамиката и префинетоста и рафинираноста на креацијата.

Новиот систем на огледала ги заменува класичните странични ретровизори со компактни камери кој ја проектираат сликата во живо на двата екрана со димензија од шест (6) инча во возилото.

Интегрирани на двата краја на арматурата на инструменталната плоча, тие, инаку, ергономски  поставени екрани на возачот му обезбедуваат природно чувство и видливот.

За разлика од вообичаените странични огледала, камерата се наоѓа во рамки на широчината на автомобилот и не се протегаат вон лаците над тркалата. Нема сомневање, тоа ја претставува иднината и за неколку години го сакале или не ние тоа, ќе бидат општо прифатени, неминовни, елементи од автомобилите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi A8 уште по напреден со нова иновација- паметно потпирање!

VW со нов мануелен менувач ќе ја намали потрошувачката за 5%

Првиот Toyota Prius PHV со соларни панели !

ZF co паметна трансмисија на силата!

Ducato MY2020 electric: повеќе технологија, поeфикасeн и со поголема вредност!

Поминаа  60 години откако Volvo ни го подари безбедносниот ремен!

Претставена автономната BMW Series 7!

KIA и Hyundai- Дополнителни инвестиции во автономни возила

ACEINNA со нова сензорска единица за инерцијални мерења!!!