И официјално BMW M4 CSL

Откако вчера предвреме се појавија првите слики од долго најавуваниот BMW M4 CSL (Coupe Sport Leichtbau), Баварците сега и официјално ги објавија сите детали за овој новитет…

Новитетот од Минхен -M4 CSL (G82) ќе ја има својата премиера за пошироката јавност на настанот Concorso d’Eleganza Villa d’Este, кој се одржува од 20 до 22 мај.

Со своите 1625 кг, автомобилот е 100 кг полесен од стандардниот М4, нема задни седишта, а пакетот вклучува и елементи од јаглеродни влакна (како хауба, капак на багажникот и покрив), полесни тркала од 19 и 20 инчи, Michelin Pilot Sport гуми Cup 2 R (предни со димензии 275/35 ZR19 и задни со димензии 285/30 ZR20), стандардни M карбон-керамички сопирачки, M Traction Control, фарови за жолти детали, тркачки ленти на хаубата, црвени детали, заден спојлер „фо форма на опаш на патка“, изменета суспензија (автомобилот е понизок за 8 мм), титаниумски издувен систем, седишта и централна конзола од јаглеродни влакна …

Во однос на бојата, Alpine White и Black Sapphire Metallic се стандардни, додека Frozen Brooklyn Grey и Frozen Black се достапни како опции.

Под хаубата се наоѓа 3.0-литарски  со шест цилиндри Twin-турбо мотор со 550 КС, со автоматски менувач и погон на задните тркала.

Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 3,7 секунди, oд 0 до 200 km/h достигнува за 10,7 секунди, а може да достигне максимални 307 km/h.

BMW наведува дека M4 CSL го минува Нирбургринг (20.832 km) за 7 минути и 20.207 секунди.

Производството ќе започне во јули, а планирана е ограничена серија од само 1.000 парчиња (во Германија цената е 165.200 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Polestar O2 во сериска изведба во 2025 година

Светска премиера: Нов CITROËN C4 X и комплетно електричен Ë-C4 X

Електричен Hyundai Ioniq 6 на видео

И официјално Citroen C4 X

Подновена актуелната Toyota RAV 4

Промовиран Volkswagen ID. Aero concept

Премиера: Новата Opel Astra  пристигна во Македонија

Се подготвува новиот Citroen C3 Aircross

Нов сој на Peugeot – Новиот 408