Како што веќе пишувавме Formula 1 календарот претрпе променет и сезоната наместо во Австралија. ќе стартува во Бахреин…
Направени се првите промени и рокади во календарот за новата сезона од Formula 1 за новата сезона, кој официјално беше ревидиран за да се исклучи Големата награда на Австралија како прва трка во сезоната.
Со оглед на пандемијата на коронавирусот и стриктните мерки кои важат во Австралија, раководството на F1 одлучи трката во Мелбурн да ја одложи за подоцна во текот на шампионатот, a тоа значи дека сезоната ќе започне една недела подоцна со Големата награда на Бахреин на 28 март.
Големата награда на Австралија наместо на 21 март, ќе се одржи на 21 ноември, а промена е и враќањето на Имола во календарот, каде ќе се одржи втората трка во сезоната на 18 април, заменувајќи ја Големата награда на Кина која и претходно беше неизвесна. На 2 мај останува една трка за која F1 раководството допрва треба да објави каде ќе се одржи.
Со најновите промени, вака ќе изгледа календарот за 2021:
-Бахреин (28 март)
-Италија (Имола, 18 април)
-Непознато (2 мај)
-Шпанија (23 мај)
-Азербејџан (6 јуни)
-Канада (13 јуни)
-Франција (27 јуни)
-Австрија (4 јули)
-Велика Британија (18 јули)
-Унгарија (1 август)
-Белгија (29 август)
-Холандија (5 септември)
-Италија (Монца, 12 септември)
-Русија (26 септември)
-Сингапур (3 октомври)
-Јапонија (10 октомври)
-САД (24 октомври)
-Мексико (31 октомври)
-Бразил (7 ноември)
-Австралија (21 ноември)
-Саудиска Арабија (5 декември)
-Абу Даби (12 декември).